1 Летописи 27
27
Воено и цивилно уредување
1Еве ги синовите Израелови според нивниот број, началници на родовите, илјадници, стотници и чиновници, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доаѓајќи и заминувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади. 2#11,11; 2 Сам 23,8Над првото одделение, за првиот месец, началник беше Јашовам, син Завдиелов; во одделението негово имаше дваесет и четири илјади; 3тој беше од потомците на Фарес и началник над сите воени началници во првиот месец. 4#2 Сам 23,9Над одделенето за вториот месец беше Додај, Ахохиецот; во одделението негово беше и началникот Миклот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 5#11,22-25#2 Сам 23,20Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодај; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади; 6тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделение се наоѓаше неговиот син Амизавад. 7#2 Сам 2,18Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавов брат, и по него синот негов Зевадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 8Петтиот, за петтиот месец, беше началникот Шамхут, син на Израх; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 9#2 Сам 23,26Шести, за шестиот месец, беше Ира, син на Икеш, Текоецот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 10Седми за седмиот месец, беше пелонјанецот Хелец, од Ефремовите синови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 11#2 Сам 21,18Осми, за осмиот месец, беше Сивхај, хушанчанецот од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 12Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Венијаминови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 13Десетти, за десеттиот месец, беше Махарај, Нетофатец, од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 14Единаесетти, за единаесеттиот месец, беше Ванеја, од Пиратон, од синовите Ефремови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади. 15#Ис.Н. 15,17; 2 Сам 23,29Дванаесетти, за дванаесеттиот месец, беше нетофатецот Хелдај, од потомците на Готониил; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
Кнезови во Израел
16А над Израеловите племиња началници беа: во Рувимовото – кнезот Елиезер, Зихриевиот син; во Симеоновото – Сафатија, Мааховиот син; 17во Левиевото – Хашавија, син Кемуелов; во Ароновото – Садок; 18во Јудиното – Елијуј, од Давидовите браќа; во Исахаровиот – Омриј, Михаилов син; 19во Завулоновото – Јишмаја, Авдиев син; во Нефталимовото Јеремот, Азриилов син; 20во Ефремовото – Осија, Азазиевиот син; во едната половина од Манасиевото племе – Јоил, Федаевиот син; 21во другата половина од Манасиевото племе во Галаад – Идо, Захариевиот син; во Венијаминовото – Јасиел, Авенировиот син; 22во Дановото – Азариил, Јерохамовиот син. Тоа беа водачите на Израеловите племиња. 23#1 Мојс 12,2; 15,5; 2 Сам 24,1Давид не ги преброи оние што беа од дваесет години и подолу, зашто Господ беше рекол дека ќе го размножи Израел како ѕвездите небески. 24#21; 2 Сам 24,15Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израел поради тоа пребројување, и тоа не се впиша во летописите на царот Давид.
Службеници над царските ризници и имоти
25Над царските ризници беше Азмавет, Адиеловиот син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите – Јонатан, Озиевиот син; 26а над оние што работеа по полињата и ја обработуваа земјата беше Езри, Келувовиот син; 27над лозјата – Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата – Завдиј, Шефамиецот; 28над маслините и смоквите во полињата – Гедерецот Ваал-Ханан, а над складовите за масло – Јоас; 29над крупниот добиток, што пасеше во Сарон – Саронецот Шитрај, а над добитокот во долините – Шафат, синот на Адлај; 30над камилите – Јишмаелецот Овил; над магариците – Мероќанецот Јехдеја; 31над ситниот добиток – Хагриецот Јазиз. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;
Давидови советници
32Јонатан, Давидовиот чичко, беше советник, човек умен и писмен; и Јехиил, Ахмониевиот син, беше со царските синови; 33#2 Сам 15,12.37Ахитофел беше царев советник; а Кушиј Аркиецот – царев пријател; 34#1 Сам 22,20а по Ахитофел дојдоа Јодај, Бенаевиот син, и Авијатар; Јоав, пак, беше началник на царската војска.
Селектирано:
1 Летописи 27: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006