А за духовните дарови, не сакам, браќа, да не знаете. Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте кај немите идоли, како да ве водеа. Затоа ви давам на знаење дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус!“, и никој не може да каже: „Исус е Господ!“, освен преку Светиот Дух. Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист; има разни служби, но Господ е еден и ист; и разни дејства постојат, но Бог е еден и ист, Кој извршува сѐ во сите. А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза; зашто, на еден му се дава преку Духот да зборува со мудрост, на друг – да зборува знаење, преку истиот Дух
Прочитај 1 Коринтјаните 12
Слушни за 1 Коринтјаните 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Коринтјаните 12:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа