Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 14

14
Дарови во заедницата
1 # 12,10.31; 14,39; 1 Сол 5,20 Стремете се кон љубовта; рев­нувај­те за духовните дарови, а осо­бено да пророкувате. 2Зашто оној, кој зборува на друг ја­зик, тој не им зборува на луѓе, туку на Бога; бидејќи никој не го разбира, а со Духот кажува тајни; 3#Дела 9,31; 1 Сол 2,12кој, пак, пророкува, тој им зборува на луѓето за надградување, охрабрува­ње и утешување. 4Кој зборува на друг јазик, тој се надградува сам себе; а кој пророкува, тој ја надградува Црквата. 5#4 Мојс 11,29Но јас би сакал сите вие да зборува­те на други јазици, а уште повеќе да пророкувате: зашто, кој пророкува, е поголем од оној, кој зборува јазици – ос­вен ако и ги толкува, за да се надградува Црквата. 6Сега, ако дојдам кај вас, браќа, и ви зборувам на други јазици, каква полза ќе имате од мене, ако не ви соопштувам или со откровение, или со знаење, или со пророштво, или со поука? 7И бездушните предмети, како кавалот или гуслата, што даваат глас, ако не даваат разни гласови, како ќе се разбере што свири кавалот или гуслата? 8Зашто, ако трубата не дава разбирлив глас, тогаш кој ќе се готви за бит­ка? 9Така и вие, ако со јазикот свој не из­говарате разбирливи зборови, како ќе се разбере она што го зборувате? Ќе бидете како оние кои говорат во ветер. 10Во светот има којзнае колку разни гласови, и ниеден од нив не е без зна­че­ње. 11Ако, пак, не го разбирам значењето на тие гласови, тогаш за оној што збо­рува ќе бидам туѓинец, а и тој за мене туѓинец. 12Така и вие, бидејќи сте ревнители за духовни дарови, грижете се да ги до­биете во изобилство, за надградување на Црквата. 13#12,10Затоа, оној што зборува на друг ја­зик, нека се моли за дар да може да го толкува. 14#Ефес 5,19; 6,18; Јуда 1,20Зашто, ако се молам на друг јазик, се моли мојот дух; умот, пак, мој ос­та­нува бесплоден. 15Па што да се прави? Ќе Му се мо­лам со дух, ќе се молам и со ум; ќе Го воспевам Бога со дух, ќе Му пеам со ум. 16#2 Кор 1,20Зашто, ако благословуваш со дух, како ќе рече „амин!“ на твоето благода­рење простиот човек, кога не разбира што велиш? 17Ти благодариш убаво, но другиот не се надградува. 18Му благодарам на Мојот Бог, зашто зборувам на други јазици повеќе од сите вас; 19но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик. 20#Рим 16,19; Ефес 4,14; Фил 3,15Браќа, по умот немојте да бидете како деца; за злото бидете како дечиња, а по умот зрели. 21#Ис 28,11-12Во Законот е напишано: „На други јазици и со друга уста ќе му зборувам на овој народ, но и така нема да Ме пос­луша, вели Господ.“ 22Затоа јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; пророкувањата, пак, не се за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат. 23#Дела 2,13Ако, пак, целата Црква се собере на едно место и сите почнат да зборуваат на непознати јазици, а дојдат и прости луѓе или безверници, нема ли да речат дека сте полуделе? 24#2,15; Јн 16,8; Ефес 5,13Но, ако сите пророкуваат, а дојде некој прост човек или безверник, него сите ќе го обвинат и сите ќе го осудат, 25#4,5; 1 Цар 18,39; Ис 45,14; Зах 8,23; Дан 2,47така што тајните на срцето ќе му се откријат, и тој, ќе падне на колена, ќе Му се поклони на Бога и ќе рече: „Навистина, Бог е во вас.“
Редот во Црквата
26 # 12,7-10; 14,6; Рим 14,19; Ефес 4,12 Па што, браќа? Кога ќе се собира­те, и секој од вас има – кој псалм, кој поука, кој јазик, кој откровение, кој толкување, – сѐ нека биде за надградување. 27Ако некои зборуваат на непознат јазик, двајца или најмногу тројца, нека зборуваат по ред, а еден да толкува. 28Ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себе и на Бога. 29#1 Сол 5,19-21Пророците, пак, да зборуваат двајца или тројца, а другите да расудуваат. 30Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи. 31И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се охрабрувате. 32#2 Птр 1,21; Откр 19,10; 22,6И пророчките духови им се покоруваат на пророците; 33#11,3; 1 Тим 2,11-12; Ефес 5,22-24; Тит 2,5; 1 Птр 3,1.5зашто Бог не е Бог на безредие, ту­ку на мирот. Како што е по сите цркви меѓу светиите, 34#1 Мојс 3,16жените ваши по црквите да молчат: ним не им е допуштено да зборуваат, туку да се потчинуваат, како што вели и Законот. 35Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува. 36Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна? 37#1 Јн 4,6Ако некој мисли дека е пророк или надарен со дух, нека знае дека ова што ви го пишувам е заповед Господова. 38А кој не разбира, нека не разбира. 39#1 Сол 5,20И така, браќа, настојувајте да пророкувате, но не забранувајте да се збо­рува и на други јазици. 40Сѐ нека биде достојно и уредно.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се