1 Коринтјаните 15
15
Христовото воскресение
1 #
Гал 1,11
Браќа, ви напоменувам за Евангелието, Кое ви го проповедав, а кое вие го примивте и во Кое стоите. 2Преку Него и се спасувате, ако Го држите како што ви проповедав, освен ако не сте поверувале напразно. 3#Ис 53,5-6; 53,8-9.12; 1 Птр 3,18Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата; 4#Ос 6,2; Јона 2,1; Мт 16,21дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата, 5#Лк 24,34; Јн 21,15и дека му се јави на Кифа и потоа на Дванаесетте; 6#Лк 24,36; Јн 20,19.26; 21,1.12после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа; 7потоа му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли, 8#Дела 9,3-7а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче, 9#Дела 8,3; Гал 1,13; Ефес 3,8; Фил 3,6; 1 Тим 1,13зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црква. 10#2 Кор 11,5; Гал 1,15Со благодатта на Бога сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во мене, не беше напразна, но повеќе се потрудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене. 11И така, било јас, или тие, така проповедаме, и вие така поверувавте.
Воскресението на мртвите
12И ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како тогаш некои меѓу вас велат дека немало воскресение на мртвите? 13#Мт 22,23; Дела 4,2; 17,32А штом нема воскресение на мртвите, тогаш и Христос не воскреснал; 14ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, празна е и вашата вера. 15Би се покажале како лажни сведоци Божји, бидејќи сведочевме против Бога дека Го воскреснал Христос, Кого што не Го воскреснал, ако навистина мртвите не воскреснуваат. 16Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, и Христос не воскреснал; 17ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови; 18тогаш и оние, што умреле за Христос, пропаднале. 19И, ако само во овој живот се надеваме на Христос, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе. 20#1 Сол 4,14Но, ете, Христос воскресна од мртвите, и со тоа стана првина за упокоените. 21#Рим 5,12.18Бидејќи смртта дојде преку човекот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек. 22#Рим 8,11И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани; 23#Кол 3,4; 1 Сол 4,15но секој по свој ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови. 24#Дан 2,44; Рим 8,38; Ефес 1,21; Фил 2,9А потоа ќе биде крајот, кога ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството, односно кога ќе уништи секое началство, секоја власт и сила. 25#Пс 110,1; Мт 22,44; Лк 19,27Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги стави под нозете Свои сите непријатели.“ 26#Откр 20,14; 21,4А како последен непријател ќе биде уништена смртта, 27#Пс 8,7; Евр 2,8зашто „сите ги покори под нозете Негови“; а кога се вели: „Сѐ Му е Нему покорено“, очевидно е дека се изоставува Оној, Кој Му потчини сѐ. 28#Кол 3,11Кога, пак, ќе Му биде потчинето сѐ, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини сѐ, за да биде Бог сѐ во сѐ. 29Инаку, што ќе направат оние, кои се крштаваат за мртвите? Ако мртвите не воскреснуваат, зошто тие тогаш се крштаваат за нив? 30Зошто, пак, и ние секој час се подложуваме на опасност? 31#4,9; Рим 8,36; 2 Кор 4,11Секој ден умирам, браќа, се колнам во пофалбата ваша, која ја имам во Христос Исус, нашиот Господ. 32#Ис 22,13Ако во Ефес, човечки речено, се борев со ѕверови, каква е мојата полза? Ако мртвите не воскреснуваат – „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!“ 33Не лажете се: „Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи!“ 34Освестете се еднаш како треба, па не грешете! Зашто некои од вас не знаат за Бога – за ваш срам го велам ова.
Телата на воскреснатите
35Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? 36#Јн 12,24Безумниче, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре. 37А кога сееш, не го сееш телото, кое треба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго; 38#1 Мојс 1,11-12но Бог му дава тело, какво што сака, и тоа на секое семе негово сопствено тело. 39#1 Мојс 1,24Не е секое тело исто тело: друго е телото на човек, друго е телото на животно, друго на риба, друго на птица. 40#15,49Има тела небесни и тела земни, но друг е блесокот на небесните и друг на земните; 41друг е блесокот на сонцето; друг е блесокот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по блесокот се разликува. 42Така е и со воскресението на мртвите: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање; 43#Фил 3,21се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила; 44#2,14се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно. 45#1 Мојс 2,7; Јн 6,63; Рим 8,11Па така е и напишано: „Првиот човек Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух. 46Но не е прво духовното, туку душевното, а потоа духовното. 47#1 Мојс 2,7; Јн 3,13.31Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото. 48Каков е земјениот, такви се и земјените; и каков е Небесниот, такви се и небесните; 49#1 Мојс 5,3; Рим 8,29; 2 Кор 3,18и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот. 50#6,9; Јн 3,5-6А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста. 51#1 Сол 4,15-17Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме, 52одеднаш, за еден миг на око, на последната труба: зашто ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме; 53#2 Кор 5,4зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност. 54#Ис 25,8А кога ова распадливо ќе се облече во нераспадливост, и она смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта.“ 55#Ос 13,14; Евр 2,14„О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“ 56#Рим 7,13Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот. 57#1 Јн 5,4Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос. 58#2 Лет 15,7; Ис 65,23; Кол 1,23И така, браќа мои возљубени, бидете постојани, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи дека трудот ваш пред Господ нема да биде залуден.
Селектирано:
1 Коринтјаните 15: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: