1 Коринтјаните 7
7
Прашања и одговори за бракот
1А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена. 2Но, за да се избегне блудството, секој нека си има своја жена, и секоја жена свој маж. 3#2 Мојс 21,10Мажот да ја извршува својата должност спрема жената, а исто така и жената – спрема мажот. 4Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената. 5#2 Мојс 19,15; 1 Сол 3,5Не лишувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да ѝ се посветите на молитвата и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување. 6#2 Кор 8,8Ова, пак, ви го велам како допуштање, а не како заповед. 7#Мт 19,11-12Зашто сакам, сите луѓе да бидат како мене; но секој си има своја дарба од Бога – еден на ваков начин, друг на поинаков. 8А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене. 9#1 Тим 5,14Но, ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст. 10#Мал 2,16; Мк 10,11-12А на женетите и мажените им заповедам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, – 11ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја. 12А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, безверничка, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава; 13и ако некоја жена има маж, безверник, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава. 14Зашто маж безверник се осветува преку жената која верува, и жена безверничка се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети. 15#Рим 12,6; 14,19Ако некој безверник сака да се разведе, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог. 16Зашто, од каде знаеш, жено, дека ти не ќе го спасиш мажот? Или од каде знаеш, о мажу, дека ти не ќе ја спасиш жена ти?
Живеј онака, како што Бог те повикал
17Само секој нека постапува така како што му определил Бог, како го повикал Господ. Така заповедам по сите цркви. 18#Гал 3,28; 5,2Обрезан ли е повикан некој, нека не крие; необрезан ли е повикан некој, нека не се обрезува. 19#Рим 2,25-27; Гал 5,6; 6,15Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ. 20Секој да си остане во звањето во кое е повикан. 21Ако си повикан како роб, да немаш грижа; но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството. 22#Ефес 6,6; Фил 1,16Зашто кој е повикан во Господ како роб, станува Господов ослободеник; исто така и кој е повикан како ослободеник станува роб Христов. 23#6,20Вие сте скапо платени! Не станувајте робови на луѓе! 24#7,17Секој што е повикан, браќа, во него нека остане и пред Бога.
Прашања кои се однесуваат за небрачни лица и вдовици
25А што се однесува до девиците, за нив немам заповед од Господ, но давам совет како човек, кој е помилуван од Господ да биде верен. 26Поради сегашната потреба го наоѓам за добро ова: добро е за човекот да остане таков. 27Сврзан ли си со жена, не барај развод; разврзан ли си од жена, не барај жена. 28Но, ако се ожениш, нема да згрешиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам. 29#Лк 14,26; Рим 13,11Ова ви го велам, браќа, зашто времето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат; 30#1 Јн 2,15-17и кои плачат – како да не плачат; и кои се радуваат – како да не се радуваат; и кои купуваат – како да немаат ништо, 31и кои се ползуваат од овој свет – како да не се ползуваат; зашто ликот на овој свет е минлив. 32#1 Сол 4,1Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Господови работи, – како да Му угоди на Господ; 33а женетиот се грижи за световни работи – како да ѝ угоди на жената. 34#1 Тим 5,5Тука е разликата меѓу жената и девојката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господ, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи – како да му угоди на мажот свој. 35Ова ви го зборувам за ваша корист, не да ви поставам стапица, туку примерно и непречено да бидете приврзани на Господ. 36Ако некој мисли дека е срамно девицата негова да му остане таква во напредната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат. 37А кој е тврд во срцето свое и нема потреба, а има власт над својата волја, па реши во срцето свое да ја зачува својата девица, тој добро прави. 38Така оној, кој ќе ја омажи својата девица, добро прави; а оној, што нема да ја омажи, подобро прави. 39#Рим 7,2Жената е врзана додека е жив мажот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого сака, но само во името на Господ. 40#2 Кор 10,7Само, поблажена е ако си остане така, според моето мислење; а мислам дека и јас имам Дух Божји.
Селектирано:
1 Коринтјаните 7: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: