1 Коринтјаните 8
8
За месото принесено како жртва на идолите
1 #
10,23; 13,4; Дела 15,29 Што се однесува, пак, до месото клано за идоли, мислам дека сите имаме знаење. Но, знаењето возгордејува, а љубовта надградува. 2#Гал 6,2Ако некој мисли дека нешто знае, тој уште не осознал како треба да знае. 3#13,12; Гал 4,9Ако, пак, некој Го љуби Бога, Бог него го познава. 4#5 Мојс 6,4А по однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо на светов и дека друг Бог нема, освен Единиот. 5#Пс 136,2-3Зашто, макар и да има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу „богови“ и многу „господари“, 6#12,5-6; Мал 2,10; Јн 1,3; Рим 11,36; Ефес 4,5-6; 1 Тим 2,5сепак, ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е сѐ, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ и ние сме преку Него. 7#Рим 14,1-23Но тоа знаење го нема секој: некои според досегашната навика за идолите, го јадат месото на жртвите идолски, а совеста нивна им се осквернува бидејќи е нејака. 8#Рим 14,17; Евр 13,9Храната не нѐ приближува кон Бога. Ниту добиваме нешто ако јадеме, ниту нешто губиме ако не јадеме. 9#Рим 14,13.20Но пазете, пак, таа ваша слобода да не стане на некој начин спрепка за слабите. 10Зашто ако некој те види тебе, што имаш знаење, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи е нејак, да биде поттикната да јаде идолски жртви? 11#Рим 14,15И покрај твоето знаење ќе пропадне нејакиот, братот за кого умрел Христос. 12И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната нејака совест, вие грешите против Христос. 13Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема никогаш да јадам месо, за да не го соблазнувам својот брат.
Селектирано:
1 Коринтјаните 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: