1 Коринтјаните Вовед
Вовед
За време на своето второ мисионерско патување, Павле поминува осумнаесет месеци во грчкиот град Коринт. Црквата што таму ја оснива и ја зема под своја закрила, во своите редови има голем број од старите незнабошци, кои припаѓаат на скромни средини.
Благодарение на своите две пристаништа, Коринт бележи сестран подем: расцут на трговијата, интензивен културен живот, активни филозофски и религиозни движења. Па сепак, таму има и голем неморал. Младата христијанска заедница, изложена на такви видови влијанија, разбирливо дека предизвикува сериозна загриженост кај апостолот.
Пред своето заминување, Павле добива во неколку наврати вознемирувачки известувања кои се однесуваат на оваа заедница. Би требало да се истакне дека апостолот напишал до оваа заедница најмалку четири посланија, двете што се зачувани во Новиот завет и оние, на кои тој се повикува неколкупати во 1 Кор 5,9-13 и во 2 Кор 3,7-8. Двете посланија што се преостанати биле пишувани во текот на третото мисионерско патување на апостолот, првото од Ефес (види 1 Кор 16,18), а второто или од Ефес, или од Македонија.
Во Првото послание до Коринтјаните, по поздравот и молитвата за благодарност (1,1-9), Павле ги повикува своите соговорници да ги надминат меѓусебните поделби, да го бркаат развратот надвор од заедницата (5) и да престанат да ги потчинуваат своите расправии на народните судови (6,1-11). Тој прецизира како треба да го користат телото (6,12-20), по што одговара на разни прашања поставени од неговите соговорници:
За бракот (7),
консумирањето на месо од жртвите принесени на идолите (8,1–11,1),
христијанските собири и почитта кон Господ (11,2-34),
даровите на Светиот Дух (12–14), Воскресението на мртвите (15).
Посланието завршува со неколку известувања, за тековното собирање на дарови, плановите на апостолот, и др., како и лични поздрави (16).
За сите проблеми во животот, апостолот се изразува со подеднакво моралистички тон. Тој покажува како верата во Христос допушта тие да се решат. Братската љубов е овде највозвишениот пат во однос на сите други (13).
Селектирано:
1 Коринтјаните Вовед: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006