1 Јован 2
2
Христос ни доаѓа на помош
1 #
Јн 14,16; Дела 3,14; Рим 8,34; Евр 7,25; 8,6 Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите; и ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Христос, Праведникот; 2#4,10.14; Јн 4,42; Рим 3,25; Кол 1,20а Тој е жртва за измирување за нашите гревови, и не само нашите, туку и гревовите на целиот свет. 3#1,3.7; 3,22-24; 4,21; 5,2-3; 2 Јн 1,6По тоа знаеме дека сме Го познале, кога ги чуваме Неговите заповеди. 4#4,20; Тит 1,16Кој вели: „Го познав“, а заповедите Негови не ги чува, тој е лажливец и во него нема вистина; 5#Јн 14,21.23а кој го пази словото Негово, во него Божјата љубов навистина е совршена: по тоа знаеме дека сме во Него. 6#3,3.16; 4,17; Јн 13,15.34; 1 Кор 11,1; Ефес 5,2; Фил 2,5; Кол 1,11; 1 Птр 2,21-25Кој вели дека во Него пребива, должен е да постапува така, како што постапи и Тој.
Нова заповед
7 #
5 Мојс 6,5; Мт 22,37-40 Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја имавте од почетокот. Старата заповед е словото, што го чувте од почетокот. 8#Јн 1,5; 8,12; 13,34; 15,12-17; Рим 13,12А сепак, нова заповед ви пишувам – нешто што е вистина и во Него и во вас; зашто темнината одминува, а вистинската светлина веќе свети. 9#1,6; Изреки 4,18-19Кој вели дека е во светлина, а го мрази братот свој, тој е сѐ уште во темнина. 10#3,18-20Кој го сака својот брат, тој е во светлина и во него нема соблазна. 11#1,6; Јн 12,35; Мт 15,14А кој го мрази братот свој, тој се наоѓа во темнина, и во темнина оди, и не знае ни каде оди, бидејќи темнината му ги ослепила очите негови. 12#1,7; 2,2; Мт 9,2; Лк 24,47; Дела 3,16; 13,38; 1 Кор 6,11Ви пишувам, чеда, дека заради Неговото име ви се простени гревовите. 13#4,4; 5,4.5.18; Евр 8,11; 1 Птр 5,8-9Ви пишувам вам, татковци, зашто Го спознавате Оној Кој е од почеток; ви пишувам, вам, момчиња, зашто го победивте лукавиот. 14#Јн 5,38; Ефес 6,10-17; Откр 12,11Ви напишав вам, чеда, бидејќи го познавте таткото. Ви напишав, вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној Кој е од почеток; ви напишав вам, момчиња зашто сте силни, и словото Божјо пребива во вас, па го победивте лукавиот. 15#Јн 5,42; 17,14; Рим 12,2; Јк 4,4Не љубете го светот и сѐ што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот. 16#Изреки 27,20; Мк 10,24; Гал 5,24; Тит 2,12; Јк 4,16; 1 Птр 2,11Зашто, сѐ што е во светот – похотата на телото, похотливоста на очите и горделивоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. 17#Ис 40,8; Изреки 10,25; Мт 7,21; 1 Кор 7,31; 1 Птр 4,2А светот е минлив и похотите негови, а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека.
Христовите непријатели
18 #
4,3; Мт 24,5; 1 Тим 4,1; 2 Јн 1,7 Чеда, последен час е. И како што сте слушале дека ќе дојде Антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час. 19#Дела 20,30; 1 Кор 11,19; 2 Кор 6,14-18Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но излегоа, за да биде јасно дека не се сите наши. 20#2 Кор 1,21; Јуда 1,5А вие имате помазание од Светиот, и сите тоа го знаете. 21#Јн 8,32.44; 2 Птр 1,12; 2 Јн 1,1Не ви пишав дека не ја знаете вистината, туку затоа што ја знаете и затоа што знаете дека ниедна лага не доаѓа од вистината. 22#4,3; 2 Јн 1,7Кој е лажливец, ако не оној, што порекнува дека Исус е Христос? Антихрист е тој што Ги порекнува Отецот и Синот. 23#Мт 10,33; Јн 5,23; 2 Јн 1,7.9Секој што Го порекнува Синот, Го нема ниту Отецот; а кој Го признава Синот, Го има и Отецот. 24#1,3; 2,27; 3,24; Јн 15,7-10И така, сѐ што чувте во почетокот, тоа и нека остане кај вас; ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе пребивате во Синот и во Отецот. 25#Јн 5,24; 6,40; 17,2А ова е ветувањето што ни го вети Тој: вечниот живот. 26Тоа ви го пишав поради оние што ве мамат. 27#2,20; Јн 6,45; Евр 8,11А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа. 28#3,2; 4,17; Лк 13,27; Фил 1,20-21; 2 Сол 1,9И така, чеда, останете во Него, та, кога ќе се јави Тој, да имаме смелост и да се не посрамиме од Него кога ќе дојде. 29#3,10; 4,7; 5,1Кога знаете дека Тој е праведен, знајте го и тоа дека секој, кој врши правда, е роден од Него.
Селектирано:
1 Јован 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006