Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 4

4
Духот на вистината и духот на заблудата
1 # 5 Мојс 13,2-6; Ер 23,21-22; 28,8-9; Мт 7,15-20; 24,4.5.24; Јн 8,42-47; Ефес 5,8-10; Кол 2,8; 2 Птр 2,1; 2 Јн 1,7 Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот. 2#1 Кор 12,3; 1 Сол 5,21; 1 Тим 6,13.20-21; 2 Тим 1,13-14По ова распознавајте Го Божјиот Дух#4,2 Во некои ракописи на ова место е додадено: и духот на лагата.: секој дух што признава дека Исус Христос дошол во тело, од Бога е. 3#2,18.22-23; Дела 20,29; 2 Сол 2,7А секој дух, што не признава дека во тело дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на Антихристот, за кого сте слушале дека доаѓа, па и сега е веќе во светот. 4#5,5; Мт 12,29; Јн 10,29; Јуда 1,3; Откр 2,7.11.26; 3,5.12.21; 17,14Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот. 5#Јн 3,31; 15,18-19; 17,14Тие се од светот, затоа и световно зборуваат, а светот ги слуша. 6#3,10; Јн 8,47; 10,26-27; 14,17; 18,37; 2 Тим 4,4; 2 Птр 2,18Ние сме од Бога. Кој Го познава Бога, нѐ слуша нас; кој не е од Бога, нас не нѐ слуша. По тоа и го познаваме Ду­хот на вистината и духот на заблудата.
Љубовта доаѓа од Бог и се вкоренува во верата
7 # 2,29; 3,11.23; 4,11; 5,1; 1 Сол 4,9 Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога, и секој, кој љуби, е роден од Бога и Го познава Бога; 8#4,16кој не љуби, тој не Го познал Бога, зашто Бог е љубов. 9#Јн 3,16; Ефес 1,4; 2,4-5; Кол 2,13Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Сво­јот Единороден Син за да живееме пре­ку Него. 10#4,19; Рим 5,8; 2 Кор 5,19Во тоа се состои љубовта, што не ние Го возљубивме Бога, туку Бог нас нѐ возљуби и Го прати Синот Свој за да ги очисти гревовите наши. 11#Мт 18,33Возљубени, кога така нѐ возљуби Бог, тогаш и ние сме должни да се љу­биме еден со друг. 12#3,24; 2 Мојс 33,20; Јн 1,18; 6,46; 14,23; 1 Тим 6,16Бога никој никогаш не Го видел. Ако се љубиме еден со друг, Бог пребива во нас и љубовта Негова е совршена во нас. 13#3,24; 1 Кор 12,3Дека ние пребиваме во Него и Тој во нас, знаеме по тоа што ни дал од Својот Дух. 14#1,2; Јн 3,17; 4,42И ние видовме и сведочиме дека Отецот Го испрати Синот како Спа­си­тел на светот. 15#2,23; Јн 9,22.35; Рим 10,9; 2 Јн 1,9Кој исповеда дека Исус е Син Божји, во него пребива Бог, и тој – во Бога. 16#3,16; 4,8.12; Јн 6,69; Рим 5,8И ние ја познавме љубовта, која Бог ја има кон нас; и поверувавме во тоа дека е Бог љубов, и дека оној, кој пребива во љубовта, пребива во Бога, и Бог – во него. 17#2,6.28; Јк 2,13Љубовта во нас се усовршува затоа за да имаме смелост на судниот ден; бидејќи, како што е Тој, така сме и ние во овој свет. 18#3,20; Рим 8,15; 2 Тим 1,7Во љубовта страв нема, туку совршената љубов го изгонува стравот, бидејќи стравот подразбира казна. Кој се плаши, не е совршен во љубовта. 19#4,10Ние Го љубиме, бидејќи Тој от­пр­вин нѐ возљуби. 20#2,4; Мт 5,23-24; 1 Птр 1,8Ако некој рече: „Го љубам Бога“ а го мрази својот брат, тој е лажливец: зашто, кој не го љуби својот брат, кого го видел, како може да Го љуби Бога, Кого не го видел? 21#3,23; Мт 22,36-40; Јн 14,15.21; 15,17И таа заповед ја имаме од Него: кој Го љуби Бога, да го љуби и братот свој.

Селектирано:

1 Јован 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се