Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 5

5
Верувањето во Божјиот Син – корен на љубовта
1 # 2,29; 4,7; 1 Птр 1,22-23 Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го љуби Оној Кој родил, Го љуби и Оној, родениот од Него. 2#Рим 13,9По ова знаеме дека ги љубиме че­да­та Божји, кога Го љубиме Бога и ги из­вршуваме Неговите заповеди. 3#5 Мојс 30,11; Мт 11,29-30; Јн 14,15; 15,10; Гал 5,14; 2 Јн 1,6Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова: да ги пазиме заповедите Негови, а Неговите заповеди не се тешки. 4#2,13-14; 4,4; Јн 16,33; Дела 12,11; Откр 17,14Зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша. 5#1 Кор 15,57; Ефес 6,16Кој го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Син Божји? 6#2,20.27; Јн 14,17; 15,26; 19,34Оној, Кој дојде преку вода и крв (и преку Духот), Тој е Исус Христос – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистина. 7Зашто Тројца се, Кои сведочат (на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и овие Тројца се едно. 8И Тројца се, Кои сведочат на земјата:) духот, водата и крвта; и тие три се во едно. 9#Јн 3,33; 5,34.37Ако го примаме човечкото све­доштво, Божјото сведоштво е по­го­лемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син. 10#Јн 5,24.37Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, заш­то не поверувал во сведоштвото Негово со кое посведочил Бог за Својот Син. 11#1,2; 5,20; Јн 17,3А сведоштвото е тоа дека Бог ни да­рувал живот вечен; и тој живот е во Не­говиот Син. 12#Јн 3,36Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот.
Епилог
13 # Јн 1,12; 20,31 Ова ви го напишав вам, кои верува­те во името на Синот Божји, за да зна­­­ете дека имате живот вечен и да верува­те во името на Синот Божји. 14#3,22; Јн 14,13-14И тоа е увереноста, која ја имаме пред Него, дека ако побараме нешто по Неговата волја, Тој нѐ услишува. 15#Мт 21,22; Јн 14,13; 15,7; 16,24; Јк 1,5А кога знаеме дека ни услишува што и да побараме, знаеме дека ќе до­би­еме, што и да сме побарале од Него. 16#4 Мојс 15,30; 18,22; Јн 15,22-24; Евр 6,4-6; 10,26-27; Јк 5,19; 2 Птр 2,20-21Ако некој го види брата си да греши со грев што не е за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оној што не греши за смрт. А има и грев за смрт: за тој грев не велам да се моли. 17Секоја неправда е грев, но има грев што не е за смрт. 18#Јн 17,15; Јуда 1,1Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него. 19#Јн 8,47; Кол 1,13Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло. 20#Ер 24,7; Јн 17,3; 20,28; Рим 9,5; Ефес 1,17-18; Кол 1,10; Откр 3,7Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пре­биваме во вистинскиот Бог – Не­говиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и живот вечен. 21#2 Птр 3,17Чеда, пазете се од идолите. Амин!

Селектирано:

1 Јован 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се