Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 13

13
1И ете, според словото Господово, дојде еден Божји човек од Ју­деја во Ветил во она време, кога Јеро­воам стоеше пред жртвеникот за да прекади. 2#2 Цар 23,15-16И произнесе кон жртвеникот слово Господово, велејќи: „Жртвенику, жрт­венику! Вака вели Господ: ‚ете, во Да­видовиот дом ќе се роди син по име Јошијаху; тој ќе ги принесе врз тебе во жртва идолските свештеници што ка­дат врз тебе, и ќе изгори врз тебе човеч­ки коски.‘ 3И во оној ден тој покажа знак, ве­лејќи: ‚А, еве, знак дека Господ го ре­кол тоа: овој жртвеник ќе се урне, и пепелта што е на него, ќе се развее.‘“ 4#Зах 11,17; Мт 12,10Кога царот Јеровоам го слушна сло­вото на Божјиот човек, изговорено пред жртвеникот во Ветил, ја пружи раката од жртвеникот и рече: „Фатете го!“ Тогаш раката негова што ја беше пру­жил кон него, се здрви и не можеше да ја тргне кон себе. 5И жртвеникот се урна, и пепелта од жртвеникот се развеа, според знакот, даден од Божјиот човек преку словото Господово. 6И царот Јеровоам му рече на Бож­јиот човек: „Умилостиви го лицето на Господ, твојот Бог, и помоли се за мене, па да ми се поврати раката.“ Човекот Божји го умилостиви лицето Господо­во, и раката се поврати и стана како порано. 7Тогаш царот му рече на Божјиот човек: „Дојди со мене дома да се пот­крепиш; ќе ти дадам да јадеш, и ќе ти донесам подарок.“ 8#4 Мојс 22,17-18Но Божјиот човек му одговори на царот: „Да ми дадеш и половина од домот свој, нема да дојдам со тебе, нема да јадам леб и нема да пијам вода во тоа место, 9зашто така ми е заповедано преку словото Господово: ‚не јади таму леб, не пиј вода и не се враќај по патот, по кој си одел.‘“ 10И тој тргна по друг пат и не се врати по оној пат, по кој беше дошол во Ветил.
Непослушниот пророк
11Во Ветил живееше еден пророк – старец. Синовите негови дојдоа и му раскажаа сѐ што беше направил оној ден Божјиот човек во Ветил; тие му ги раскажаа на татко си и зборовите што тој му ги беше кажал на царот. 12И татко им ги праша: „По кој пат си отиде?“ А синовите му покажаа, по кој пат тргна Божјиот човек што дошол од Јудеја. 13Тогаш тој им рече на синовите свои: „Оседлајте ми го магарето.“ Тие му го оседлаа магарето, и тој се качи на него. 14И тргна по Божјиот човек, и го најде како седи под еден даб, и го праша: „Ти ли си Божјиот човек што дојде од Јудеја?“ Тој одговори: „Јас сум.“ 15Тогаш му рече: „Дојди кај мене дома и касни леб.“ 16Тој му одговори: „Не можам да се вратам со тебе и да дојдам кај тебе; нема да јадам леб и нема да пијам вода кај тебе во ова место, 17зашто преку словото Господово ми е речено: ‚не јади леб и не пиј вода таму, и не се враќај по патот, по кој си одел.‘“ 18#Гал 1,8Тој му рече: „И јас сум таков пророк како тебе и ангелот ми говореше преку словото Господово и рече: ‚врати го во домот свој; нека касне леб и нека пие вода.‘“ Но тој го излага. 19И оној се врати со него, касна леб во куќата негова и се напи вода.
Пророкот е осуден
20Кога тие уште седеа на трпезата, дојде словото Господово кон пророкот што го беше вратил. 21И тој изговори кон Божјиот човек што беше дошол од Јудеја и рече: „Вака вели Господ: ‚затоа што не се покори на устата Господова и не ја запази заповедта што ти ја беше дал Господ, Бог твој, 22#Ис 14,19; Ер 8,1-2туку се врати, јадеше леб и пиеше вода на ова место, за кое Тој ти беше рекол – не јади леб и не пиј вода, телото твое нема да влезе во гробницата на татковците твои.‘“ 23Откако тој јадеше леб и се напи вода, тој го оседла магарето за пророкот што го беше вратил. 24#20,36; 2 Цар 2,24; 17,25И тој си замина. На патот го сретна лав и го умртви. Телото му лежеше испружено на патот; магарето, пак, стоеше до него, а лавот стоеше до телото. 25И ете, минувачите го видоа телото, испружено на патот, и лавот како стои до телото; и отидоа, та раскажаа во гра­дот, во кој живееше пророкот – старец. 26Откако го слушна тоа пророкот што го беше вратил од патот, рече: „Тоа е оној човек Божји што не ја по­слуша устата Господова; Господ го пре­даде на лав што го нападнал и го усмртил, според словото Господово што му беше кажано.“ 27И им рече на синовите свои: „Осе­д­лајте ми го магарето.“ И го оседлаа. 28Тој отиде и го најде телото негово испружено на патот; а магарето и лавот стоеја до телото; лавот не беше го изел телото и не беше го раскинал магарето. 29Тогаш пророкот го крена телото на човекот Божји, го стави на магарето и го однесе назад. И пророкот – старец тргна кон својот град за да го оплаче и погребе. 30И го положи телото негово во својата гробница и плачеше за него: „Леле, брату мој!“ 31Откако го погреба, тој им рече на своите синови: „Кога ќе умрам, погребете ме во гробницата, во која е погребан Божијот човек, до неговите коски положете ги моите коски, 32зашто ќе се исполни словото што по заповед на Господ тој го кажа за жртвеникот во Ветил и за сите идолски светилишта во самарјанските градови.“ 33#12,31И по овој настан Јеровоам не се одврати од својот лош пат, туку про­должи да поставува идолски свештеници од народот; кого сакаше, него го посветуваше, и тој стануваше идолски свештеник. 34Тоа го водеше Јеровоамовиот дом во грев, кон пропаст и кон истребувањето негово од лицето на земјата.

Селектирано:

1 Царевите 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се