1 Царевите 14
14
Владеењето на Јеровоам Први
1Во она време се разболе Јеровоамовиот син Авија. 2#11,29-39; 22,30; 1 Сам 28,8И Јеровоам ѝ рече на жена си: „Стани и преоблечи се за да не те познаат дека си Јеровоамова жена, па оди во Силом. Таму е пророкот Ахија што ми претскажа дека ќе бидам цар на овој народ. 3Земи со себе десет леба, питки и грне мед, па оди кај него; тој ќе ти каже што ќе стане со детето.“ 4Јеровоамовата жена така направи: стана, отиде во Силом и влезе во куќата на Ахија. А Ахија веќе не можеше да гледа, зашто очите му беа станале неподвижни од старост. 5Тогаш Господ му рече на Ахија: „Ете, Јеровоамовата жена доаѓа да те праша за својот син, бидејќи е болен; кажи ѝ така и така; ќе ти дојде преправена како да е некоја друга.“ 6Ахија штом го слушна шумот од нејзините чекори, кога влезе низ вратата, рече: „Влези, Јеровоамова жено; зошто требаше да се преправаш во друга жена? Јас сум пратен да ти кажам зло. 7Оди и кажи му на Јеровоам: вака вели Господ, Бог Израелов: ‚Јас те издигнав од средината на простиот народ и те поставив за водач на Мојот народ Израел, 8го одзедов царството од Давидовиот дом и ти го дадов тебе; но ти не си таков, каков што беше Мојот слуга Давид, кој ги пазеше заповедите Мои и кој Ме следеше од сѐ срце, вршејќи го само она што е угодно пред очите Мои; 9ти постапуваш полошо од сите што беа пред тебе, и отиде, та си направи други богови и идоли за да Ме дразниш, а Мене ме отфрли зад грбот свој, 10#15,29; 16,3.11; Суд 9,5; 2 Цар 10,1-17; 11,1затоа Јас ќе испратам зло врз Јеровоамовиот дом и ќе го истребам кај Јеровоам сѐ што е машко, и оној што е роб и оној што е слободен во Израел, и ќе го исчистам Јеровоамовиот дом сосема, како што чистат ѓубре; 11#16,4; 21,24кој од Јеровоамовиот дом ќе умре во град, него кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, него птиците небески ќе го исколваат‘; така вели Господ. 12Стани, па оди во домот свој; и штом ногата твоја ќе стапне во градот, детето ќе умре; 13сите Израелци ќе го оплачат и ќе го погребат, зашто само тоа од Јеровоамовиот дом ќе влезе во гроб, бидејќи само во него, од целиот Јеровоамов дом, се најде нешто добро пред Господ, Израеловиот Бог. 14И Господ ќе Си издигне над Израел цар, кој ќе го истреби Јеровоамовиот дом во оној ден; и што? – еве денес! 15И Господ ќе го порази Израел, и тој ќе биде како трска, која се лула во водата, и ќе ги исфрли Израелците од оваа убава земја што им ја даде на татковците нивни, и ќе ги расфрли зад Реката, поради тоа што си направија идоли и Го гневеа Господа; 16и ќе го напушти Господ Израел поради гревовите на Јеровоам што сам си ги направи, и со кои го наведе во грев Израел.“ 17Јеровоамовата жена стана, тргна и дојде во Тирца; и штом стапи на куќниот праг, детето умре. 18И сите Израелци го погребаа и оплакаа, според словото на Господ, што Тој го изрече преку Својот слуга, пророкот Ахија. 19Другите дела на Јеровоам – како војувал и како царувал – се опишани во летописите на израелските цареви. 20Времето, во кое царуваше Јеровоам, беше дваесет и две години; и почина кај татковците свои, а место него се зацари синот негов Надав.
Владеењето на Ровоам, цар на Јудеја
(2 Лет 12,1-16)
21 #
2 Лет 12,13-14
Соломоновиот син Ровоам царуваше во Јудеја. Ровоам беше на четириесет и една година кога стана цар, и царуваше седумнаесет години во Ерусалим, во градот што Господ го избра од сите Израелови племиња за да остане засекогаш таму името Негово. Името на мајка му беше Ноема, Амонка. 22#5 Мојс 32,16-17И Јуда го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ, и Јудините синови го разгневуваа повеќе, отколку татковците нивни со гревовите свои што беа ги правеле. 23#Ер 2,20; 3,6; 17,2Тие си беа издигнале идоли и идолски светилишта на секој висок рид и под секое сенчесто дрво. 24#15,12; 5 Мојс 23,18Во таа земја имаше и блудници што ги вршеа сите гнасотии на оние народи, кои Господ ги беше прогонил од лицето на Израеловите синови. 25#2 Лет 12,2-11На петтата година од Ровоамовото царување египетскиот цар Шишак се крена против Ерусалим, 26#10,16-17и ги ограби ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом. Сѐ зеде; ги зеде и сите златни штитови што ги беше направил Соломон. 27И наместо нив царот Ровоам направи бронзени штитови и ги даде во рацете на старешините и телохранителите, кои го чуваа влезот во царскиот дом. 28Кога царот одеше во домот Господов, телохранителите ги носеа, а потоа ги враќаа во стражарницата. 29Другото за Ровоам и за сѐ што вршел, е опишано во летописите на јудејските цареви. 30Меѓу Ровоам и Јеровоам имаше војна за сето време додека беа живи. 31Ровоам почина кај татковците свои и беше погребан кај нив во Давидовиот град. Името на мајка му беше Ноема, Амонка. Наместо него стана цар синот негов Авијам.
Селектирано:
1 Царевите 14: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: