1 Царевите 15
15
Авијам, цар на Јудеја
(2 Лет 13,1-3.22-23)
1На осумнаесеттата година од царувањето на Наватовиот син Јеровоам, над Јудејците стана цар Авијам. 2Тој царуваше во Ерусалим три години; името на мајка му беше Мааха, Авесаломова ќерка. 3Тој одеше во сите гревови на таткото свој што тој ги вршеше пред него, и срцето негово не беше предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на неговиот прадедо Давид. 4Но заради Давид, неговиот Господ Бог му беше дал светило во Ерусалим, воздигнувајќи го по него синот негов и го закрепи Ерусалим, 5#2 Сам 11зашто Давид го правеше она што беше право пред очите на Господ, и во сите дни на животот свој во ништо не отстапуваше од она што Тој му беше заповедал, освен постапката со Хитиецот Урија. 6Меѓу Ровоам и Јеровоам имаше војна во сите дни на животот нивни. 7Другите дела на Авијам, и сѐ што вршел, е опишано во летописите на јудејските цареви. И имаше војна меѓу Авијам и Јеровоам. 8Авијам почина кај татковците свои и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Аса. 9Аса стана цар над Јудејците во дваесеттата година од царувањето на израелскиот цар Јеровоам, 10и царуваше во Ерусалим четириесет и една година; името на баба му беше Мааха, Авесаломова ќерка. 11#2 Мојс 15,26Аса го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, како неговиот прадедо Давид. 12Тој ги изгони блудниците од земјата и ги отфрли сите идоли што ги беа направиле татковците негови, 13#2 Цар 23,4-6.12и дури и на баба си Мааха ѝ ја одзеде власта, поради тоа што беше направила идол на Ашера; и го скрши Аса и нејзиниот идол и го изгоре кај потокот Кедрон. 14Идолските светилишта, навистина, не беа урнати. Но срцето на Аса му беше предадено на Господ во сите негови денови.
Аса, цар на Јудеја
(2 Лет 14,1-2; 15,16-19; 16,1-6.11-14)
15И тој ги внесе во домот на Господ предметите, посветени на неговиот татко, и предметите посветени од него: сребро, злато и садови. 16Меѓу Аса и израелскиот цар Баша имаше војна во текот на целиот нивен век. 17Израелскиот цар Баша излезе против Јудеја и почна да ја гради Рама, за да не може никој да излегува, ниту да оди кај јудејскиот цар Аса. 18Тогаш Аса го зеде сето сребро и злато што беше останало во ризницата на домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и го даде во рацете на слугите свои; и царот Аса ги испрати кај Венадад, синот на Тавримон, син Хезионов, цар арамејски, кој живееше во Дамаск, велејќи: 19„Нека има сојуз меѓу мене и тебе, како што имаше меѓу мојот татко и твојот татко; ете, ти испраќам на дар сребро и злато; раскини го сојузот свој со израелскиот цар Баша, та да се оттргне од мене.“ 20И Венадад го послуша царот Аса, и ги испрати своите војсководци против израелските градови и ги порази Ијон, Дан, Авел-Бет-Мааха, областа околу Генисаретското Езеро и другиот дел од Нефталимовата земја. 21Кога го слушна тоа, Баша престана да ја гради Рама и се врати во Тирца. 22А царот Аса ги собра сите Јудејци без исклучок, и тие ги изнесоа од Рама камењата и дрвјата, кои Баша ги употребуваше за градење. Со нив царот Аса ги изгради Гева Венијаминова и Мицпа. 23Нели сите други дела на Аса сите негови подвизи и сѐ што изврши, и градовите што ги изгради, се опишани во летописите на јудејските цареви? Но во староста тој се разболе од болест на нозете. 24Аса почина кај татковците свои и беше погребан кај нив во градот на својот предок Давид. А наместо него стана цар неговиот син Јосафат.
Надав, цар на Израел
25А Јеровоамовиот син Надав стана цар над Израел во втората година на јудејскиот цар Аса и царуваше над Израел две години. 26Тој го вршеше она што беше неугодно пред очите на Господ, одеше по патот на татко си и во гревовите негови, со кои го наведе во грев Израел. 27Против него се крена Баша, синот на Ахија, од Исахаровиот дом, и Баша го уби кај Гибетон филистејски, кога Надав и сите Израелци го опседнуваа Гибетон; 28Баша го уби Надав во третата година од царувањето на јудејскиот цар Аса, и стана цар место него. 29#14,10Кога стана цар, тој го порази целиот Јеровоамов дом и не остана ниедна душа кај Јеровоам, додека не го истреби, според словото на Господ што го беше изрекол преку својот слуга Ахија Силомецот, 30поради гревовите на Јеровоам, што тој сам ги направи и со кои го наведе во грев Израел, поради гревовите со кои тој Го разгневи Господ, Бог Израелов. 31Другите дела на Надав, сѐ што тој извршил, се опишани во летописите на израелските цареви. 32Меѓу Аса и израелскиот цар Баша имаше војна во текот на сите нивни денови.
Баша, цар на Израел
33Во третата година на јудејскиот цар Аса стана цар во Тирца над сите Израелци Ахиевиот син Баша и царуваше дваесет и четири години. 34Тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ, и одеше по патот на Јеровоам и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израел.
Селектирано:
1 Царевите 15: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: