1 Царевите 7
7
Соломоновиот дворец
1Потоа Соломон изгради свој дом, а го градеше тринаесет години, и наполно го заврши. 2Тој го изгради домот свој од леванонско дрво: долг сто лакти, широк педесет лакти, а висок триесет лакти, на четири реда кедрови столбови; и кедрови греди беа положени врз столбовите. 3Подот беше послан со кедар врз греди на четириесет и пет столба, по петнаесет во ред. 4Прозорски столбови имаше три реда; имаше и три реда прозорци, прозорец спроти прозорец. 5Сите врати и соби беа четириаголни, прозорец спроти прозорец во три реда. 6Тој направи и трем од столбови, педесет лакти долг, триесет лакти широк, и пред нив – трем, столбови, и праг пред нив. 7Уште направи и трем со престол, од кој тој судеше, трем за судилиште, и сите подови ги покри со кедар. 8#3,1Во домот, каде што живееше, имаше друг двор зад тремот, исто така изграден. И во домот на фараоновата ќерка, која Соломон ја беше зел, направи исто така трем. 9Сето тоа беше направено од скапи камења – делкани според размер, изрежани со трион однатре и однадвор, – од основата до покривот, и однадвор до големиот двор. 10Во основата беа положени скапи камења, камења големи, камења од десет лакти; 11и одозгора скапи камења, делкани според размер, и кедар. 12Големиот двор беше ограден наоколу со три реда делкани камења и со еден ред кедрови греди; исто како и внатрешниот двор на храмот Господов и храмовиот трем.
Хирамовата задача
(2 Лет 2,12-13)
13 #
2 Лет; 2,12-13 Цар Соломон испрати да го доведат од Тир Хирам, 14син на една вдовица од Нефталимовото племе. Татко му тирјанин, беше бронзоливец; тој беше способен и искусен, а умееше да прави секакви предмети од бронза. И тој дојде кај цар Соломон и му правеше секакви работи:
Столбови од бронза
(2 Лет 3,15-17)
15 #
2 Цар 25,13; Ер 27,19; 52,17 тој изли два бронзени столба, секој висок по осумнаесет лакти, и врвот од дванаесет лакти го опфаќаше пречникот на едниот и на другиот столб; 16тој направи и два капитела, излеани од бронза за да ги стави врз столбовите; пет лакти висок едниот капител и пет лакти висок вториот капител; 17направи мрежи плетени и врвови како вериги за капителите што беа врз столбовите: седум за едниот капител и седум за другиот капител. 18Така ги направи тој столбовите и два реда калинки околу мрежата за да ги покрие капителите што се кај столбовите, истото го направи и за другиот капител. 19А во тремот капителите на столбовите беа направени слично на крин, четири лакти; 20и капителите врз двата столба одозгора беа токму над испупчениот дел што беше до мрежата; и врз другиот капител во редови наоколу имаше по двесте калинки. 21И ги постави столбовите на храмовиот трем; постави столб оддесно и му даде име Јахин; постави столб и одлево и го нарече Вооз. 22А над столбовите положи венци, направени слично на крин. Така заврши работата над столбовите.
Бронзениот базен налик на море
(2 Лет 4,2-5)
23 #
2 Лет 4,2–5,1
Направи и излеано од бронза море – од едниот негов крај до другиот имаше десет лакти, – и сосема кружно, пет лакти високо; и венец од триесет лакти го опфаќаше наоколу. 24Под краиштата негови имаше од сите страни издадени работи како јаболка по десет на лакот; тие го опкружуваа морето од сите страни во два реда; издадените работи како јаболка беа излеани заедно со него. 25Тоа стоеше на дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток; морето стоеше врз нив, а задната страна им беше свртена навнатре. 26Тоа беше дебело една дланка, а краиштата негови, направени како краишта на чаша, прилегаа на расцветан крин. Тоа собираше две илјади мери.
Подножја од бронза
27Тој направи и десет бронзени подножја; секое подножје беше долго четири лакти, широко – четири лакти, високо – три лакти. 28Еве ја направата на подножјата: тие имаа рамки, а рамките беа меѓу аголните продолжетоци. 29Врз рамките што беа меѓу аголните продолжетоци, имаше обликувани лавови, волови и херувими; исто така и врз аголните продолжетоци; а над лавовите и воловите и под нив имаше висечки венци; 30секое подножје имаше по четири бронзени тркала и бронзени оски. На четирите агли имаше испупчувања како раменици, излеани испупчувања, оддолу под мијалникот, до секој венец. 31Отворот од внатрешниот венец до горе имаше еден лакот; отворот му беше кружен како подножјето на столбовите; лакот и половина, и кај отворот негов – резби; но страните беа четириаголни – не кружни. 32Под страните имаше четири тркала и оски на тркалата во подножјата; секое тркало беше високо лакот и половина. 33Направата на тркалата беше исто таква, како тркалата на колите; оските нивни, оплатите нивни, спиците нивни и главичките нивни – сѐ беше излеано. 34Имаше четири испакнатини на четирите агли на секое подножје; од подножјата излегуваа испакнатините негови. 35И врз подножјата имаше испакнатини, половина лакот високи, а над подножјата дршките нивни и ѕидовите им беа од иста материја. 36Тој изваја и врз штичките на дршката нејзина и на ѕидовите нејзини херувими, лавови и палми, колку што дозволуваше местото, и наоколу – висечки венци. 37Така направи тој десет подножја; сите еднакво излеани, еднаква мерка, еднаков изглед. 38#2 Мојс 30,17-21; 2 Цар 16,17Направи и десет бронзени мијалници; секој мијалник собираше по четириесет мери и беше висок четири лакти; секој мијалник стоеше на едно од десетте подножја. 39Тој ги распореди подножјата – пет десно од храмот и пет лево од храмот, а морето го постави десно од храмот, на источната страна кон југ.
Дополнителен список на металните изработки
40 #
2 Мојс 27,3
Хирам ги направи мијалниците, лопатките и машите. И ја сврши Хирам целата работа што ја вршеше кај цар Соломон за храмот Господов, односно: 41два столба и два појаса на капителите што се врз столбовите, и две мрежи за покривање на двата појаса на капителите што се врз столбовите, 42и четиристотини калинки на двете мрежи; два реда калинки на секоја мрежа за покривање на двата појаса над капителите што се врз столбовите, 43и десет подножја и десет мијалници на подножјата; 44едно море и дванаесет вола под морето; 45и котли, и лопатки, и чаши. Сите работи што Хирам му ги направи на царот Соломон за храмот Господов, беа од измазнет бакар. 46Царот ги излеа во глинена земја, во околината на Јордан, меѓу Сукот и Царетан. 47Соломон ги постави сите тие работи на местата нивни. Поради нивното извонредно множество, тежината на бронзата не можеше да се измери. 48#2 Мојс 25,23-30Соломон ги направи и сите предмети што се во храмот Господов: златен жртвеник и златна трпеза, на која се ставаат лебовите на предложението: 49светилници – пет оддесно и пет одлево, пред Светињата над светињите, од чисто злато, цвеќиња, кандилца и штипки од злато; 50#3 Мојс 10,1и чинии, и ножеви, и чаши, и подносници и кадилници од чисто злато; резиња за вратите на внатрешноста на Светињата над светињите и за вратите во храмот, исто така од злато. 51#2 Сам 8,11Така беше свршена сета работа што ја изврши цар Соломон за храмот Господов. И го принесе Соломон посветеното од татко му Давид: среброто, златото и предметите ги предаде во ризницата на храмот Господов.
Селектирано:
1 Царевите 7: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: