Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 8

8
Пренесување на ковчегот на заветот во храмот
(2 Лет 5,2–6,2)
1 # 2 Лет 5,2-14 Тогаш Соломон ги повика кај себе во Ерусалим израелските стареши­ни и сите кнезови на племињата, родоначалниците на синовите Израело­ви за да го пренесат ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град, од Сион – во храмот. 2И се собраа на празникот кај царот Соломон сите Израелци во месецот ета­ним, кој е седмиот месец. 3Дојдоа сите старешини израелски; и свештениците го кренаа ковчегот 4и го понесоа ковчегот Господов и скинијата на собранието и сите свеш­тени предмети што беа во скинијата; а ги носеа свештениците и левитите. 5А цар Соломон и со него целиот израелски собор што се беше собрал кај него, одеа пред ковчегот, принесувајќи жртви од ситен и крупен добиток, кој не беше можно да се изброи и пресмета поради мноштвото негово. 6Свештениците го внесоа ковчегот на заветот Господов на местото негово, во внатрешноста на храмот, во Светињата над светињите, под крилјата на херувимите. 7Зашто херувимите ги ширеа крилјата над местото на ковчегот, и херувимите го покриваа одозгора ковчегот и лостовите негови. 8#2 Мојс 25,13-15Лостовите се подаваа така што нивните краеви се гледаа во светилиш­тето, но не можеа да се видат однадвор; тие се таму и до денес. 9#2 Мојс 25,16; 40,20; 5 Мојс 10,1-5; Евр 9,4Во ковчегот немаше ништо, освен двете камени плочи, кои Мојсеј ги беше положил внатре на Хорив, кога Господ склучи завет со синовите Израелови, откако тие излегоа од египетската земја. 10Кога свештениците излегоа од све­тилиштето, облак го исполни домот Гос­подов. 11И свештениците не можеа да стојат на службата поради облакот, бидејќи светлината Господова го исполни хра­мот Господов. 12#2 Лет; 6,1-40#Пс 18,11; 1 Тим 6,16Тогаш Соломон рече: „Господ благоволи да живее во магла: 13#2 Сам 7,13; Пс 132,14Ти изградив храм Тебе за живеа­лиште, место, каде што ќе престојуваш засекогаш.“
Говорот на цар Соломон пред народот
(2 Лет 6,3-11)
14И царот се сврте со лицето свое, и го благослови целиот собор на Израел­ците, а целиот собор на Израелците стоеше. 15Тогаш рече: „Нека е благословен Господ, Бог Израелов, Кој со устата Своја му рече на татко ми Давид, и реченото денес го исполни со раката Своја! Тој беше рекол: 16#1 Сам 16‚Од оној ден, кога го изведов Мојот народ Израел од Египет, Јас не одбрав град меѓу племињата Израелови за да се изгради дом, каде што ќе остане засекогаш името Мое; го избрав Давид, тој да биде над Мојот народ Израел.‘ 17Татко ми Давид намисли да изгради храм во името на Господ, Бог Израелов; 18#2 Сам 7,1-7но Господ му рече на татко ми Давид: ‚ти си намислил да изградиш храм на името Мое; добро е што ти е тоа на срцето; 19#2 Сам 7,12-13меѓутоа, ти нема да изградиш храм, туку твојот син, кој излегол од бедрата твои, – тој ќе изгради храм на името Мое.‘ 20И Господ го исполни словото Свое што беше го изрекол; јас се издигнав на местото на таткото мој Давид, и седнав на престолот Израелов, како што рече Господ, и изградив храм во чест на името Господово, Израеловиот Бог; 21и подготвив таму место за ковчегот, во кој е заветот на Господ што го беше склучил со нашите татковци, кога ги изведе од египетската земја.“
Соломоновата молитва
(2 Лет 6,12-40)
22Тогаш застана Соломон пред жрт­веникот Господов, пред целиот собор на Израелците, ги крена рацете кон небото 23#5 Мојс 4,35.39и рече: „Господи, Боже Израелов! Нема Бог како Тебе ниту на небото горе, ниту на земјата долу; Ти го пазиш заветот и милоста кон слугите Свои, кои одат пред Тебе од сѐ срце. 24Ти го исполни на Својот слуга Давид, мојот татко, она што му го беше ветил; она што го беше изрекол со устата Своја, денес го изврши со раката Своја. 25#2,4И сега, Господи, Боже Израелов, исполни го на Својот слуга Давид, мојот татко, она што му го беше говорел, ве­лејќи: ‚Пред лицето мое никогаш нема да недостасува маж од тебе, кој ќе седи на Израеловиот престол; доволно е само синовите твои да се држат за патот свој, одејќи пред Мене така, како што ти одеше пред Мене.‘ 26И сега, Боже Израелов, нека биде верно словото Твое што си му го рекол на Својот слуга Давид, мојот татко! 27#Ис 66,1; Јн 1,14; Дела 17,24; Откр 21,3Но зар Бог ќе сака да живее на земјата! Небото и небото на небесата не се доволни да Те соберат, а уште помалку овој храм што сум го изградил јас; 28#Дан 9,17но погледни милостиво кон молитвата на Твојот слуга и кон молбата негова, Господи, Боже мој! Чуј го пови­кот и молитвата со која Твојот слуга Те моли денес. 29#5 Мојс 12,11Да бидат очите Твои отворени кон тој храм дење и ноќе, кон ова место, за кое си рекол: името Мое ќе биде таму; чуј ја молитвата, со која ќе се моли Твојот слуга на тоа место. 30Сослушај ја молбата на Твојот слуга и на Твојот народ Израел, кога тие ќе се молат на ова место; чуј од мес­тото на Твоето живеалиште, од небесата, сослушај и смилувај се. 31#3 Мојс 5,1Кога некој ќе згреши против ближ­ниот свој, и ќе побара од него со заклетва за да се заколне, и заради заклетвата ќе дојдат пред Твојот жртвеник во овој храм, 32тогаш сослушај ги од небото и дејствувај, донеси суд над Своите слуги, обвини го виновниот, стоварувајќи му ја врз главата негова постапката негова, и оправдај го правиот, давајќи му според неговата праведност. 33#3 Мојс 26,14-17; 5 Мојс 28,25; Ис.Н. 7; Суд 2,13-14.17-18Кога Твојот народ Израел ќе биде поразен од непријателите, поради тоа што згрешил пред Тебе, и кога тие ќе се обратат кон Тебе и ќе го исповедаат името Твое и ќе Ти се молат и ќе дови­куваат со молитви во овој храм, – 34сослушај го тогаш од небото и прости му го гревот на Твојот народ Израел, и врати ги во земјата што си им ја дал на татковците нивни. 35#3 Мојс 26,19; 5 Мојс 11,17; Ер 3,2-3; Откр 11,6Кога ќе се заклучи небото и ќе нема дожд, поради тоа што ќе згрешат пред Тебе, ќе го исповедаат името Твое и се свртат од гревот свој, бидејќи си ги смирил, – 36сослушај ги тогаш од небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот народ израелски, покажу­вајќи им го добриот пат, по кој да одат, и испрати дожд врз Твојата земја што си му ја дал на народот Свој во наследство. 37#3 Мојс 26,16; 5 Мојс 28,21-22; 28,38.42Глад ли ќе настане по земјата, или помор, огнен ветар ли, гламја, скакулци, или гасеници, непријателот ли ќе го притисне во земјата негова, некаква неволја ли ќе се појави, или болест, – 38при секоја молитва, при секоја молба што доаѓа од кој и да било човек од сиот Твој народ израелски, кога ќе почувствуваат болка во срцето свое и ќе ги подадат рацете кон овој храм, 39сослушај го од небото, од местото на Твоето живеалиште, и смилувај се; направи и воздај секому според патиш­тата негови, како што го гледаш срцето негово, бидејќи само Ти ги познаваш срцата на сите човечки синови: 40за да имаат страхопочит кон Тебе во сите дни, додека живеат на земјата што си им ја дал на татковците нивни. 41#3 Мојс 19,34; 2 Цар 5; Ис 2,2-4; 56,6-7Ако и некој туѓинец, кој не е од Твојот народ Израел, дојде од далечна земја заради Твоето име, – 42зашто ќе чујат за Твоето големо име, за Твојата силна рака и за Твојата крената мишка и ќе дојдат да се помолат во овој храм, 43сослушај го од небото, од местото на Своето живеалиште, и направи сѐ, за што ќе Те повика туѓинецот, та сите земни народи да го знаат Твоето име за да имаат страхопочит кон Тебе, како Твојот народ Израел, да знаат дека овој храм што го изградив јас, е наречен на Твое име. 44Кога Твојот народ излезе во војна против својот непријател по патот, по кој ќе го испратиш, и ќе Му се помоли на Господ, свртувајќи се кон градот што Ти си го избрал и кон храмот што го изградив на Твоето име, 45тогаш сослушај ја од небото молитвата нивна и молбата нивна и направи го она што им е потребно ним. 46#5 Мојс 28,63-64Кога ќе згрешат пред Тебе, – зашто нема човек кој не греши, – и Ти ќе им се разгневиш и ќе ги предадеш на непријателите, и тие ќе ги запленат, и ќе ги одведат како робови во непријателска земја, далечна или блиска; 47и кога во земјата, каде што ќе бидат во пленство, дојдат на себеси и се обратат кон Тебе и Ти се помолат во земјата на оние што ги плениле, велеј­ќи: згрешивме, извршивме беззаконие, виновни сме; 48и кога ќе се обратат кон Тебе од сето срце свое и од сета душа своја во земјата на непријателите што ги плениле, и ти се помолат, свртувајќи се кон својата земја што си им ја дал на тат­ковците нивни, кон градот што си го избрал и кон храмот што го изградиле на Твое име, – 49тогаш сослушај ја од небото, од местото на Твоето живеалиште, молитвата и молбата нивна, и направи што им е ним потребно; 50и прости му на Твојот народ, за она што згрешил пред Тебе, и сите негови престапи што ги извршил пред Тебе и предизвикај сочувство кон нив кај оние што ги плениле, та да бидат милостиви кон нив; 51#5 Мојс 4,20; 9,26-29; Ер 11,4зашто тие се Твој народ и Твој дел што Ти го изведе од Египет, од железната печка. 52Ушите Твои и очите Твои нека бидат отворени за молбата на Твојот слуга и за молитвата на Твојот народ израелски за да ги чуеш секогаш, кога Те повикуваат, 53#5 Мојс 7,6-8зашто Ти си ги одбрал за Свој дел меѓу сите земни народи, како што си рекол преку Мојсеј, Твојот слуга, кога ги изведе татковците наши од Египет, Господи, Боже!“
Соломоновата благодарствена молитва
54Откако Соломон ја заврши кон Гос­под целата оваа молитва и молба, па како што беше коленичел, стана од пред жртвеникот Господов, со рацете подигнати кон небото. 55И, исправен, го благослови целиот собор на Израелците, велејќи со висок глас: 56#5 Мојс 12,10; Ис.Н. 21,44-45; 23,14; 1 Сам 3,19; 2 Цар 10,10; Ис 45,5-6„Нека е благословен Бог, Кој му даде спокојство на Својот народ Израел, како што беше говорел! Не остана неисполнет ниеден збор од сите Негови добри зборови што ги беше изрекол преку својот слуга Мојсеј; 57#5 Мојс 31,6нека биде со нас Господ, Бог наш, како што беше со татковците наши; да не нѐ остава, и да не нѐ напушта, 58приклонувајќи ги срцата наши кон Себе за да одиме по сите патишта Негови и да ги чуваме заповедите Не­гови и законите Негови што им ги запо­веда на татковците наши. 59И овие зборови, со кои се молев пред Господ денес, нека бидат блиски до Господ, нашиот Бог, дење и ноќе за да го врши Тој она што е нужно за Неговиот слуга и за Неговиот народ Израел секој ден, 60#Ис 45,6та да познаат сите народи дека Гос­под е Бог, и дека нема друг освен Него. 61#11,4; 15,3.14Срцето ваше нека биде наполно предадено на Господ, нашиот Бог за да одите по наредбите Негови и да ги па­зите заповедите Негови, како денес.“
Осветување на храмот
(2 Лет 7,4-10)
62Тогаш царот и сите Израелци со не­го, Му принесоа жртви на Господ. 63#4 Мојс 7; Езд 6,16-17Соломон закла како жртва за поми­рување што Му ја принесе на Господ, дваесет и две илјади крупен добиток и сто дваесет илјади ситен добиток. Така царот и сите синови Израелови Му Го осветија храмот на Господ. 64Во истиот ден царот го освети средниот дел на дворот, кој е пред храмот Господов, принесувајќи сепаленици и приноси и принесувајќи го лојот од жртвите за помирение, бидејќи брон­зени­от жртвеник што е пред Господ, бе­ше мал да ги собере сепалениците, приносите и лојот од жртвите за помирување. 65Така Соломон направи празник и сиот Израел со него – собор голем, кој се беше собрал од Емат до египетскиот поток, пред Господ, нашиот Бог; праз­нуваа и јадеа, и пиеја и се молеа пред Господ, нашиот Бог, во изградениот храм седум дена и уште седум дена, односно четиринаесет дена. 66Во осмиот ден Соломон го рас­пушти народот. Сите го благословија царот и си отидоа по шаторите свои, радувајќи се и веселејќи се во срцето свое за сето добро што Господ му го на­прави на Својот слуга Давид и на Својот народ Израел.

Селектирано:

1 Царевите 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се