1 Самоилова 14
14
Јонатан напаѓа група Филистејци
1 #
16,21; Суд 9,54; 2 Сам 23,37 Еден ден Сауловиот син Јонатан му рече на својот слуга оруженосец: „Дојди да минеме кон филистејската стража, од онаа страна.“ А на татко си тој не му кажа за тоа. 2#13,15; 22,6Саул, пак, се наоѓаше крај Гива, под калинковото дрво, кое е во Мигрон. Со него беа околу шестотини мажи. 3И Ахија, синот на Ахитув, братот на Ихавод, син на Финес, син Илиов, свештеник Господов во Силом, кој носеше ефод. А народот не знаеше дека Јонатан заминал. 4Меѓу премините, низ кои Јонатан сакаше да се пробие до филистејската стража, имаше остра карпа од едната страна и остра карпа од другата: едната ја нарекуваа Боцец, а другата Сене. 5Едната карпа се издигаше на север кон Михмас, другата – на југ кон Гева. 6#17,47; 31,4; Суд 7,2.7; 14,3; 15,18; 2 Сам 1,20; 2 Лет 14,10И му рече Јонатан на својот слуга оруженосец: „Дојди да преминеме кон стражата на необрезаните; можеби, Господ ќе ни помогне, бидејќи за Господ не е тешко да спаси било мнозина или малкумина.“ 7И оруженосецот одговори: „Прави сѐ што ти е по срцето; ете, јас сум со тебе, оди, каде што сакаш.“ 8Јонатан рече: „Еве, ќе преминеме кај оние луѓе и ќе застанеме да нѐ видат; 9ако ни речат: – застанете, додека да дојдеме до вас, – ние ќе застанеме на местата свои и нема да одиме кај нив; 10#1 Мојс 24,14; Суд 6,36-39; Лк 2,12ако, пак, кажат: – дојдете кај нас, – ние ќе излеземе, зашто Господ ги предал во рацете наши; и тоа ќе биде знак за нас.“ 11#13,6Кога и двајцата застанаа за да ги види филистејската стража, Филистејците рекоа: „Ете, Евреите излегуваат од дупките, во кои се беа сокриле.“ 12#17,44; 2 Сам 5,19И извика стражата кон Јонатан и оруженосецот негов, велејќи: „Дојдете кај нас, и ние ќе ви кажеме нешто.“ Тогаш Јонатан му рече на оруженосецот: „Оди по мене, зашто Господ ги предава во рацете на Израел.“ 13Тогаш Јонатан почна да се качува со раце и нозе, а оруженосецот негов по него. И Филистејците паѓаа под ударите на Јонатан, а оруженосецот ги доубиваше по него. 14И во тој прв пораз, нанесен од Јонатан и оруженосецот негов, паднаа околу дваесет души, на простор од околу половина хектар земја. 15#1 Мојс 35,5; 2 Цар 7,6-7Па настана ужас во логорот во полето и меѓу сиот народ: стражата и оние што ја опустошија земјата, многу се уплашија. Се затресе целата земја, и настана голем ужас од Господ. 16И Сауловата стража во Гива Венијаминова виде дека народот се распрснува и трча наваму-натаму. 17И Саул му рече на народот што беше со него: „Погледајте и дознајте, кои од нашите се излезени.“ И откако прегледаа, се откри дека ги нема Јонатан и неговиот оруженосец. 18#23,2.4.9-13; 28,6; 30,7-8И Саул му рече на Ахија: „Донеси го ковчегот Божји“ – зашто во тоа време ковчегот Божји беше со синовите Израелови. 19Саул уште му говореше на свештеникот, додека збрката во филистејскиот логор сѐ повеќе и повеќе се зголемуваше. Тогаш Саул му рече на свештеникот: „Собери ги рацете свои!“ 20#Суд 7,22; 2 Лет 20,23Извика Саул и сиот народ што беше со него, и дојдоа до местото на битката, и ете, таму мечот на секого беше насочен против ближниот негов, така што имаше многу голема бркотница. 21Тогаш и Евреите, кои до вчера и завчера беа со Филистејците и кои заедно одеа со нив во логорот, се присоединија кон Израелците што беа со Саул и Јонатан. 22А сите Израелци што се криеја во Ефремовата Гора, откако слушнаа дека Филистејците се разбегале, и тие се присоединија кон своите во битката. 23#2 Мојс 14,30; Пс 44,5-7Тој ден Господ го спаси Израел; а битката се прошири дури до Бет-Авен.
Израелските војници го спасуваат Јонатан
24Израелците беа изморени тој ден; а Саул, го заколна народот, велејќи: „Проклет да е оној што ќе вкуси леб до вечерва, додека не им се одмаздам на моите непријатели!“ И никој од народот не вкуси храна. 25И сиот народ отиде во гората, а таму на лединката имаше мед. 26И народот отиде таму, велејќи: „Еве, тече мед.“ Но никој не ја доближи раката кон устата своја, бидејќи народот се плашеше од клетвата. 27#30,12Јонатан, пак, не слушна, кога татко му го заколнуваше народот, и откако го протегна крајот на стапот што беше во раката негова, ја буцна медената пита и ја сврти со раката кон устата своја и очите му светнаа. 28А еден од народот му рече, велејќи: „Татко ти го заколна народот, и рече: – ‚Проклет да е оној што денес ќе вкуси храна; и затоа луѓето се изнемоштени.‘“ 29#1 Цар 18,17-18Но Јонатан рече: „Татко ми ја вознемирува земјава; гледате, како ми светнаа очите штом вкусив малку од медов; 30ако, пак, народот денес си каснеше од пленот што го најде кај непријателите свои, немаше ли поразот на Филистејците да биде поголем?“ 31И Израелците ги разбија Филистејците оној ден од Михмас до Ајалон, и народот многу беше изморен. 32#1 Мојс 9,4; 3 Мојс 17,10-14; 5 Мојс 12,16; 12,23-25Тогаш народот се нафрли на пленот, и земаа овци, волови и телиња, и ги колеа наземи, и народот јадеше заедно со крвта. 33Му јавија на Саул, велејќи: „Ете, народот греши пред Господ, јаде со крвта.“ И рече Саул: „Вие згрешивте: донесете сега кај мене еден голем камен.“ 34Потоа Саул рече: „Одете меѓу народот и речете му: секој нека го дотера кај мене волот свој и секој овцата своја, и колете тука и јадете, и не грешете пред Господ, не јадете со крвта.“ И сите од народот дотеруваа, секој со своја рака, волот свој и овцата своја во текот на ноќта и ги колеа таму. 35#1 Мојс 8,20; 12,7-8; 26,25; 35,1-7; Суд 6,24Тогаш Саул Му изгради жртвеник на Господ: тоа беше жртвеникот на Господ подигнат од него. 36#30,7-8; 4 Мојс 27,21; Суд 18,5-6И Саул рече: „Да тргнеме по Филистејците оваа ноќ и да ги ограбиме до разденување и да не оставиме ниту еден од нив.“ И рекоа: „Прави сѐ што сметаш дека е добро.“ А свештеникот рече: „Да пристапиме овде кон Бога.“ 37#28,6.15Саул Го запраша Бога: „Да тргнам ли против Филистејците? Ќе ги предадеш ли во рацете на Израел?“ Но Тој не му одговори тој ден. 38#Ис.Н. 7,11-18Тогаш Саул рече: „Нека се приближат овде сите началници народни, да распрашаат и дознаат, врз кого е денес гревот? 39#2 Сам 12,5Зашто, – се колнам во Господ, Кој го спаси Израел – ако биде и врз синот мој Јонатан, и тој нека умре бездруго.“ Но никој од народот не му одговори. 40Тогаш Саул им рече на сите Израелци: „Застанете вие на едната страна, а јас и син ми Јонатан ќе застанеме на другата страна.“ А народот му одговори на Саул: „Прави го она што мислиш дека е добро.“ 41#Ис.Н. 7,14-16; Изреки 16,33; Дела 1,24.26И рече Саул: „Господи, Боже Израелов, кажи ни ја вистината!“ Изобличените со ждрепка беа Јонатан и Саул, а народот излезе прав. 42Тогаш Саул рече: „Фрлете ждрепка меѓу мене и меѓу синот мој Јонатан.“ И ждрепката падна врз Јонатан. 43#Ис.Н. 7,19-21И Саул му рече на Јонатан: „Кажи ми што си направил?“ И Јонатан му раскажа, велејќи: „Вкусив со стапот што е во раката моја, малку мед; и ете, јас треба да умрам.“ 44#3,17И Саул рече: „Нека Господ ми испрати најлоша казна и уште повеќе нека ми даде, ако ти, Јонатане, денес не умреш.“ 45#2 Сам 14,11; 1 Цар 1,52; Дела 27,34Но народот му рече на Саул: „Јонатан ли да умре, кој изврши такво големо спасение на Израел? Тоа нема да биде! Се колнеме во Господ дека ни влакно нема да падне од главата негова на земјата, зашто денес тој дејствуваше со Бога.“ И народот го ослободи Јонатан, и тој не умре. 46Тогаш Саул престана да ги гони Филистејците; и Филистејците се вратија во нивните места.
Победите на Саул. Неговото семејство
47 #
7,13-17; 2 Сам 2,8-11; 8,1-18; 20,23-26 Саул го зацврсти царувањето свое над Израел, и војуваше против сите свои околни непријатели, против Моав, против Амонците, против Едом, против царевите на Цова, против Филистејците, а против кого и да се свртеше, по ред имаше успех. 48#15,1-9Тој ја среди војската, го разби Амалик и го ослободи Израел од рацете на оние што го грабеа. 49#18,17-20.28; 31,2; 1 Лет 8,33Саулови синови беа: Јонатан, Јишвиј и Мелхисуј, а двете ќерки негови се викаа: првородената – Мерава, а помладата – Михала. 50#2 Сам 2,8А Сауловата жена се викаше Ахиноам, ќерка на Ахимаац; началникот на војската негова се викаше Авинер, син на Нир, стрикото Саулов. 51#9,1Кис, Сауловиот татко, и Нир, Авенировиот татко, беа синови Авиелови. 52#8,11И за сето Саулово време се водеше упорна борба против Филистејците. И кога Саул ќе видеше некој човек силен и храбар, го земаше кај себеси.
Селектирано:
1 Самоилова 14: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: