1 Самоилова 15
15
Бог го отфрла Саул
1 #
9,16; 2 Сам 12,1; 1 Цар 11,29-39; 2 Цар 2,2.4.6 Потоа Самоил му рече на Саул: „Господ ме испрати да те помазам за цар над Неговиот народ, над Израел; а сега чуј го гласот Господов. 2#2 Мојс 17,8-16; 5 Мојс 25,17-19Така говореше Господ Саваот: ‚Ќе го казнам Амалик за она што му го направи на Израел, кога му се испречи на патот додека овој излегуваше од Египет.‘ 3#22,19; 4 Мојс 24,20; 5 Мојс 20,16-18Оди сега и нападни го Амалик и истреби сѐ негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни сѐ што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до магаре.“ 4#Ис.Н. 15,24Го собра тогаш Саул народот и го преброи во Телаим. Тие беа двесте илјади Израелци пешаци и десет илјади од Јудиното племе. 5И дојде Саул до градот на Амаликијците и постави заседа во долината. 6#27,10; 4 Мојс 10,29-32; Суд 1,16Па им рече Саул на Кенијците: „Одете, одделете се, излезете од средината на Амаликијците за да не ве погубам со нив, бидејќи вие покажавте благонаклоност спрема сите Израелци кога доаѓаа од Египет.“ И Кенијците се одделија од Амаликијците. 7#1 Мојс 25,18И Саул го разби Амалик од Хавила сѐ до пределите на Сур, кој се наоѓа пред Египет, 8#4 Мојс 24,7; Ест 3,1и го зароби жив амаликискиот цар Агаг, и сиот народ го истреби со меч. 9Но Саул и народот го поштедија Агаг и најдобрите овци, волови и згоените јагниња, и сѐ што е вредно, не го уништија, а го уништија само она што е лошо и безвредно. 10#2 Сам 7,4; 1 Цар 12,22; Ис 7,3И дојде слово од Господ кон Самоил: 11#1 Мојс 6,6-7; 2 Сам 24,16; 1 Цар 9,6-7„Жалам што го поставив Саул за цар, бидејќи тој се одврати од Мене и не го исполни зборот Мој.“ Се натажи Самоил многу, Го повикуваше Господа цела ноќ. 12#Ис.Н. 15,55; 2 Сам 18,18А изутрината рано Самоил стана и отиде да го пресретне Саул. И му јавија на Самоил дека Саул отишол на Кармил и таму си подигнал споменик, но оттаму се вратил со колата и слегол во Гилгал. 13#1 Мојс 14,19; 24,31; Суд 17,2; Рута 3,10; 2 Сам 2,5Кога Самоил дојде кај Саул, Саул му рече: „Благословен да си од Господ! Јас го исполнив зборот Господов.“ 14Но Самоил рече: „А какво е ова блеење на овци во ушите мои и мукање на волови што го слушам?“ 15Саул одговори: „Ги дотераа од Амалик, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и волови за принесување жртви на Господ, твојот Бог; а другото го истребивме.“ 16#2 Сам 7,4Самоил му рече на Саул: „Почекај да ти јавам што ми кажа Господ ноќеска.“ А Саул му рече: „Кажувај.“ 17#9,21Тогаш Самоил му рече на Саул: „Зарем не беше ти мал пред Него и зар не те постави глава над Израеловите племиња, и Господ те помаза за цар над Израел? 18#Ер 50,14; Плач 4,22И Господ те испрати на пат и рече: ‚Оди и нападни ги Амаликијците и војувај против нив, сѐ додека ги истребиш.‘ 19#Суд 2,11; 4,1; 13,1Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов, а се втурна по грабеж и направи зло пред очите на Господ?“ 20Саул му одговори на Самоил: „Јас го послушав гласот Господов и отидов на пат, каде што ме испрати Господ, и го доведов амаликискиот цар Агаг, а Амаликијците ги истребив, 21а од пленот: овците и воловите, народот го зеде најдоброто од ограбеното за да Му принесе жртва на Господ, твојот Бог, во Гилгал.“ 22#Ис 1,11-17; Ер 6,20; Ос 6,6; Амос 5,22; Мих 6,6-8; Мт 9,13; Евр 10,6-9Самоил одговори: „Зар сепалениците и приносите повеќе Му се пријатни на Господ, отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е подобра од жртвата, и покорувањето – подобро отколку овнешкото месо; 23#13,14зашто непокорноста е исто таков грев, какво што е вражањето, а тврдоглавоста е исто како и идолопоклонството. Поради тоа што го отфрли зборот на Господ, затоа и Тој те отфрли за да не бидеш цар над Израел.“ 24#Изреки 29,25; Ис 51,12-13И Саул му кажа на Самоил: „Згрешив, бидејќи ја престапив заповедта на Господ и твојот збор; но јас се исплашив од народот и го послушав гласот нивни. 25А сега симни го од мене мојот грев и врати се со мене за да Му се поклонам на Господ.“ 26#13,14А Самоил му одговори на Саул: „Нема да се вратам со тебе, зашто ти го отфрли зборот Господов, и Господ тебе те отфрли за да не бидеш цар над Израел.“ 27#1 Цар 11,30-31Самоил се сврти да си оди. Но Саул се фати за крајот од облеката негова и ја раскина. 28#13,14; 16,1; 28,17Тогаш Самоил рече: „Денес Господ го одзеде царството Израелово од тебе и му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе. 29#4 Мојс 23,19; Ез 24,14Светецот Израелов не лаже и не се предомислува, бидејќи Тој не е човек, та да се предомисли.“ 30#Јн 12,43И рече Саул: „Згрешив; но направи ми сега чест пред старешините на мојот народ и пред Израел, и врати се со мене, и јас ќе Му се поклонам на Господ, твојот Бог.“ 31Самоил се врати по Саул, и Саул Му се поклони на Господ. 32Потоа Самоил рече: „Доведете ми го амаликискиот цар Агаг.“ Агаг, растреперен, се приближи до него, и рече Агаг: „Дали е ова горчината на смртта?“ 33#1 Мојс 9,6; Суд 1,7Но Самоил рече: „Како што мечот твој ги лишуваше жените од децата, така и мајка ти меѓу жените нека биде лишена од син.“ И го исече Самоил Агаг пред Господ во Гилгал. 34#7,17; 11,4Самоил отиде во Рама, а Саул отиде во домот свој во Гива Саулова. 35#16,1И Самоил веќе не се виде со Саул до денот на својата смрт; но Самоил патеше по Саул. А Господ зажали што го постави Саул за цар над Израел.
Селектирано:
1 Самоилова 15: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: