Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 16

16
Бог го избира Давид за нов цар
1 # 15,23.35; 2 Цар 9,1; Мих 5,1; Дела 13,22 Му рече Господ на Самоил: „До кога ќе патиш по Саул, кого Јас го отфрлив да не биде цар на Израел? Понеси со себе масло и оди; Јас ќе те испратам кај витлеемецот Јесеј, зашто меѓу неговите синови си согледав цар.“ 2#20,29Тогаш Самоил рече: „Како да одам? Саул ќе чуе и ќе ме убие.“ Господ рече: „Потерај од стадото свое една јуничка и кажи: – дојдов да му принесам жртва на Господ; 3#9,16покани го и Јесеј на жртвата; Јас ќе ти кажам што да правиш, и ти ќе Ми го помазаш оној, кого ќе ти го посочам.“ 4#1 Цар 2,13; 2 Цар 9,22И Самоил направи, како што му кажа Господ. Кога дојде во Витлеем, старешините градски се уплашија и излегоа да го пресретнат и запрашаа: #2 Мојс 19,10; Ис.Н. 3,5; 7,13„Со мир ли доаѓаш?“ 5Тој одговори: „Со мир; дојдов да Му принесам жртва на Господ; осветете се и дојдете со мене на принесување жртва.“ И го освети тој Јесеј и синовите негови и ги покани на жртвата. 6И кога дојдоа тие, тој штом го виде Елијав, рече: „Секако, овој е пред Гос­под помазаникот Негов!“ 7#1 Цар 8,39; 1 Лет 28,9; Ис 55,8; Ер 17,10; Пс 7,9; 17,3; Изреки 15,11Но Господ му рече на Самоил: „Не гледај на лицето негово и високиот негов раст; Јас го отфрлив. Јас не гле­дам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето.“ 8И го повика Јесеј Авинадав и го доведе кај Самоил, па рече Самоил: „И овој Господ не го избрал.“ 9Јесеј го доведе Шама, и Самоил ре­че: „И овој не е избран од Господ.“ 10Така Јесеј ги доведе пред Самоил седумте синови свои, но Самоил му рече на Јесеј: „Ни еден од нив Господ не избрал.“ 11Самоил го запраша Јесеј: „Сите деца твои ли се овие?“ Јесеј одговори: „Остана уште најмалиот; тој ги пасе овците.“ И му рече Самоил на Јесеј: „Испрати, и доведи го, зашто нема да седнеме да јадеме, додека тој не дојде овде.“ 12#9,2; 1 Мојс 39,6; 2 Мојс 2,2; 2 Сам 14,25; 1 Цар 1,6Тогаш Јесеј испрати, и го доведоа. Тој беше рус, со убави очи и пријатно лице. И Господ рече: „Стани, помазај го, зашто тоа е тој.“ 13#10,1.6.10; Суд 3,10; Ис 11,2Самоил го зеде рогот со масло и го помаза среде браќата негови, и Духот Господов почиваше врз Давид од тој ден и подоцна. Потоа Самоил стана и отиде во Рама. 14#18,10; 19,9; Суд 9,23А од Саул отстапи Духот Господов, и зол дух испратен од Господ, го мачеше. 15И му рекоа на Саул неговите слуги: „Ете, зол дух од Бога те мачи. 16#16,23Нашиот господар нека заповеда на слугите свои што се пред тебе да поба­раат човек што знае да свири на харфа и кога лошиот дух од Бога ќе дојде врз тебе, тој, свирејќи со рака, ќе те успокојува.“ 17Саул им одговори на слугите свои: „Најдете ми човек што убаво свири, и доведете ми го.“ 18#17,37; 1 Мојс 26,3; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Суд 2,18Тогаш еден од слугите негови рече: „Ете, јас видов кај витлеемецот Јесеј дека еден од неговите синови знае да свири. Тој е човек храбар и борбен, умно говори и е мошне убав, и Господ е со него.“ 19Саул прати известител кај Јесеј и рече: „Испрати ми го синот свој Давид, кој е со стадото.“ 20#9,7; 10,27; Изреки 18,16Јесеј зеде магаре натоварено со леб и еден мев вино и едно јаре, па ги испрати со синот свој Давид кај Саул. 21#Изреки 22,29Давид дојде кај Саул, и се претстави пред него; тој многу му се допадна на Саул и му стана оруженосец. 22И Саул испрати да му кажат на Јесеј: „Нека служи Давид кај мене, би­дејќи стекна благонаклоност во моите очи.“ 23И секогаш, кога злиот дух доаѓаше врз Саул, Давид ја земаше харфата, свиреше, и на Саул му стануваше по­добро и повесело, и лошиот дух тогаш се иставаше од него.

Селектирано:

1 Самоилова 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се