1 Самоилова 2
2
Ана Му благодари на Господ
1 #
Лк 1,46-55
#
Ис 61,10; Пс 5,11; 2,10 И се молеше Ана и велеше: „Ми се зарадува срцето мое во Господ; се возвиши силата моја преку мојот Бог; широко се отвори устата моја против моите непријатели, зашто се радувам поради спасението од Тебе. 2#2 Мојс 15,11; 3 Мојс 19,2; Ис 6,3; 29,19; 2 Сам 7,22; Пс 71,22; 5 Мојс 32,4; Ис 44,8; Пс 18,31Никој не е така свет како Господ; зашто нема друг, освен Тебе; и нема тврдина како нашиот Бог. 3#Пс 94,4; Пс 17,2; 73,11; Изреки 16,2; 24,12Не зборувајте повеќе толку горделиво! Зборови дрски нека не излегуваат од вашата уста; зашто Господ е Бог на знаењето, и постапките Негови се одмерени. 4#Ос 1,5; Пс 37,15; 2 Сам 22,40; Ис 40,29; Пс 18,32Лакот на силните се прекршува, а слабите со сила се здобиваат. 5#Ис 54,1; Ер 15,9; Пс 113,9Ситите работат за леб, а гладните почиваат. Дури и неплодната раѓа седумпати, а многудетната изнемоштува. 6#5 Мојс 32,39; 2 Цар 5,7; Јона 2,4.6-7; Пс 71,20; 86,13; Јк 4,12Господ умртвува и оживува, одведува во пеколот, и повторно оттаму доведува назад. 7#Пс 75,7; Лк 1,52-53Господ го прави човекот сиромав и богат, го понижува и го воздига. 8#Пс 107,41; 113,7-8; Пс 75,3; 104,5; Јов 9,6; 38,6Од прав го подига бедниот, од кал го крева сиромавиот, ставајќи го да седне со големците, и им го дава во наследство престолот на славата; зашто во Господ се столбовите на земјава, и Тој врз нив ја утврди вселената. 9#Пс 37,20.28; 56,13; 91,11-12; Зах 4,6; Пс 33,16Ги услишува молитвите на молителот и ги благословува деновите на праведниот, зашто не е според силата човекот јак. 10#Пс 18,13-14; Пс 96,13; 98,9; Пс 89,24; 132,17Господ ќе ги изнемошти оние што се препираат со Него. Од небесата ќе згрми на нив. Господ ќе ги суди краиштата на земјата, ќе му даде сила на Својот цар и ќе ја возвиши моќта на помазаникот Свој.“ 11#3,1Елкана замина за Рама во својот дом, а момчето остана да Му служи на Господ покрај свештеникот Илиј.
Синовите на Илиј
12А синовите на Илиј беа лоши луѓе. Тие не Го познаваа Господа 13и долгот на свештеникот кон народот. Кога некој принесуваше жртва, слугата на свештеникот доаѓаше со вилушка во раката, додека се вареше месото, 14и ја спушташе во котелот, или во котлето, или во тавата, или во грнето, и што ќе извади вилушката, тоа го земаше за себе свештеникот. Така постапуваа тие со сите Израелци што доаѓаа таму во Силом. 15#3 Мојс 3,3-5; 3,9-11.14-16Дури и пред да изгори лојот, слугата на свештеникот доаѓаше и му велеше на оној што принесуваше жртва: „Дај месо за печење на свештеникот; тој нема да земе од тебе варено месо, ами дај сурово.“ 16И ако некој му речеше: „Прво нека изгори лојот, како што е редот, и после земи си, колу што ти сака душата“, тој ќе речеше: „Не, дај сега, ако не, насила ќе земам.“ 17И гревот на тие млади луѓе беше многу голем пред Господ, зашто тие вршеа неправда против жртвите Господови. 18#14,3; 2 Мојс 28,4.6; 2 Сам 6,14А момчето Самоил служеше пред Господ, облечено во ленен ефод.
Семејството на Самоил
19Горната облека негова му ја правеше мајка му и му ја донесуваше секоја година, кога доаѓаше со мажот свој за да принесе годишна жртва. 20Илиј ги благослови Елкана и жена му и рече: „Да ти даде Господ деца од оваа жена како замена за она, кое ти Му го подари на Господ!“ И заминаа во своето место. 21#1 Мојс 21,1-2И ја посети Господ Ана, и таа зачна и роди уште три сина и две ќерки. А момчето Самоил растеше пред лицето на Господ.
Илиј ги укорува своите синови
22Илиј, пак, беше многу стар и слушаше сѐ што правеа синовите негови со сите Израелци, и дека тие спијат со жените кои служеа покрај влезот во скинијата на собранието. 23И им рече: „Зошто правите такви работи, зашто слушам лоши зборови за вас од сиот народ. 24Не, деца мои, не се добри гласовите што ги слушам за вас. Немојте да правите така, бидејќи гласовите што ги слушам дека вие не му служите добро на народот Господов, не се добри. 25#2 Мојс 4,21; Ис.Н. 11,20; Ис 6,9-10Ако човек згреши против човек, ќе се помолат на Бога за него; но ако човек згреши против Господ, кој ќе биде тој што ќе моли за него?“ Но тие не го послушаа гласот на таткото свој, бидејќи Господ веќе беше решил да ги погуби. 26#Лк 2,52А детето Самоил сѐ повеќе и повеќе растеше и се здобиваше со благонаклоност пред Господ и меѓу луѓето.
Казната објавена до Илиј и неговото семејство
27 #
3,11-14
#
9,6-8; 1 Цар 12,22; 13,1-32; 17,24; 2 Цар 1,9 И дојде еден Божји човек кај Илиј и му рече: „Вака вели Господ: Нели им се открив на твоите предци, кога тие уште беа робови во Египет, во домот на фараонот? 28#23,9; 30,7-8; Суд 8,27; 17,5; 18,14И меѓу сите племиња Израелови нели ги избрав нив за свештеници, за да пристапуваат пред Мојот жртвеник, да кадат темјан, да носат ефод пред Мене? Нели му доверив Јас на татковиот ти дом еден дел од жртвите палени за Мене од синовите Израелови? 29#Пс 2; 28,6; 71,3А ти зошто ги презре палените жртви Мои и гледаш со ненаситно око на Моите приноси, кои ги одредив да се принесуваат пред Мене? И зошто ги претпочиташ синовите свои повеќе од Мене, гоејќи ги со најдобрите делови од сите приноси од Мојот народ Израел? 30#1 Мојс 17,1; 2 Сам 22,26-27; Пс 56,13; 116,9; Лк 1,76Затоа Господ Бог Израелов вели вака: Јас бев рекол тогаш – домот твој и домот на татко ти ќе одат пред лицето Мое засекогаш, но сега Господ вели – Скраја да е од Мене, зашто Јас ќе ги прославам оние, кои Мене Ме прославуваат, а оние што Ме презираат ќе бидат презрени. 31#Зах 11,17; Пс 10,15; 37,17; Јов 31,22Ете, настапуваат дни, во кои ќе го сотрам семето твое и семето на татковиот ти дом, така што никогаш да нема старец во домот твој! 32Па ти со негодување ќе ја видиш Мојата сила, и покрај сите добрини што Господ му ги направил на Израел, и за навек нема да има старец во домот твој. 33Сепак, Јас нема да ги отстранам сите твои од жртвеникот Свој, но ќе оставам барем еден за да ти пресушат очите твои и да ти ја огорчам душата, а целото потомство на домот твој ќе умира од сечилото на мечот. 34#2 Сам 4,11И еве ти знак што ќе стане со двајцата синови твои Офни и Финес: и обајцата ќе умрат во еден ден. 35#2 Сам 7,16.26И ќе Си поставам верен свештеник. Тој ќе постапува по срцето Мое и според душата Моја, и неговиот дом ќе го направам цврст, и тој ќе оди пред Мојот помазаник засекогаш. 36И секој што ќе остане од домот твој, ќе дојде да му се поклонува за сребрена паричка и парче леб и ќе рече: ‚Прими ме на некоја свештеничка должност за да имам парче леб.‘“
Селектирано:
1 Самоилова 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006