1 Солуњаните 1
1
Поздрав
1 #
2,14; Дела 14,23; 15,22; 16,1; 17,1; Рим 1,7; 1 Кор 1,2; 2 Кор 1,1; 2 Сол 1,1 Од Павле, Силван и Тимотеј – до црквата на Солуњаните во Бог Отецот наш и во Господ Исус Христос, благодат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос!
Животот и верата на Солуњаните
2 #
Рим 1,9; Кол 1,3 Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестано, 3#Рим 8,25; 1 Кор 13,13; Откр 2,2го споменуваме делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш. 4#Ис 65,9.22; Лк 18,7; Рим 1,7; 8,33; 2 Сол 2,13; 1 Птр 1,2Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани, 5#Дела 1,8; Рим 1,16; 15,19; 1 Кор 2,4; 4,20зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: сами знаете какви бевме меѓу вас заради вас. 6#Мт 10,18; Мк 13,9; Лк 8,13; 21,12-13; Јн 15,20; Дела 6,4; 13,52; 17,5-9; 1 Кор 4,16; 11,1; Фил 1,14; 3,17И вие се угледавте на нас и на Господ, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух, 7#Рим 15,26; 1 Птр 5,3така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја. 8#Рим 1,8; 2 Сол 3,1Зашто од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме. 9#Ер 10,10; Јн 17,3; Дела 14,15Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистински Бог, 10#Мт 3,7; Рим 5,9; 1 Кор 1,7; Тит 2,13и да Го очекувате од небесата Неговиот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.
Селектирано:
1 Солуњаните 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006