1 Солуњаните 2
2
Мисионерската дејност на Павле во Солун
1 #
1,5.9 Вие сами знаете, браќа, дека нашето доаѓање кај вас не беше залудо; 2#Дела 16,19-24; 17,1-5; Рим 1,1; Фил 1,30напротив, откако пострадавме и бевме поругани во Филипи, како што знаете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Евангелие со тешка борба. 3Зашто нашиот поттик не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство, 4#Ер 11,20; Пс 7,9; 2 Кор 5,9; Гал 1,10; Ефес 3,7; 1 Тим 1,11туку, како што Бог нѐ удостои да ни Го довери Евангелието, така и зборуваме – не за да им угодуваме на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува срцата наши. 5#2,10; Дела 20,33; Рим 1,9; 2 Птр 2,3Зашто никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови, како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок! 6#Јн 5,41.44И не баравме слава од луѓе – ниту од вас, ниту од други, 7#Гал 4,19иако можевме и да се наметнеме како Христови апостоли. Но сепак ние бевме меѓу вас така нежни, како што се однесува мајката кога ги дои своите деца. 8#Јн 15,13; Рим 9,3; 2 Кор 12,15Така полни со љубов кон вас, бевме готови да ви го предадеме не само Евангелието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги. 9#4,11; Дела 18,3; 20,33-35; 1 Кор 4,12Спомнете си браќа за нашиот труд и мака: работејќи дење и ноќе за да не му додеваме никому од вас, ние ви Го проповедавме Евангелието Божјо. 10#4,11; 2 Сол 3,7-9Сведоци сте вие, како и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате. 11#1 Кор 4,15Зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои, 12#Мт 4,17; Ефес 4,1; Фил 1,27; 2 Сол 1,5; 1 Птр 5,10ние го поттикнувавме и утешувавме и преколнувавме да живее достојно за Бога, Кој ве повикал во Своето царство и слава.
Пофалување на верата на Солуњаните
13 #
1,2; Мк 4,16; Дела 11,1; Рим 11,16; Гал 1,11; 2 Сол 2,13; Евр 4,12 Затоа и непрестано Му благодариме на Бога, зашто, откако го примивте словото Божјо од нас, го примивте не како слово човечко, туку – како што е – слово Божјо, кое и дејствува во вас, кои верувате. 14#1,6; Дела 17,5.13; Гал 1,22Вие, браќа, станавте подржаватели на Божјите цркви во Христос Исус, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите сонародници, како и оние од Јудејците 15#Лк 24,20; Мк 10,34; Дела 2,23; 7,52; 13,45.50; 14,2.5.19што ги убија Господ Исус и пророците, и нас нѐ избркаа, и на Бога не Му угодија, и на сите луѓе им се противат; 16#1,10; 1 Мојс 15,16; Мт 23,32-33; Рим 1,18тие што ни пречат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат и со тоа секогаш ги дополнуваат гревовите свои; но гневот ги достигна на крај.
Павле посакува повторно да ги види Солуњаните. Испраќањето на Тимотеј
17 #
3,10; Рим 1,10-11; 1 Кор 5,3; Кол 2,1.5 А ние, браќа, откако бевме одвоени од вас за кратко време, далеку од очи, но не и од срце, со уште поголема желба се грижевме да ве видиме. 18#2 Сол 2,7.9Поради тоа, ние, а најмногу јас, Павле, неколкупати посакавме да дојдеме кај вас; но нѐ попречи сатаната. 19#3,13; 5,23; Ез 16,12; Мт 16,27; 1 Кор 9,25; 15,23; Фил 2,16; 4,1Зашто, кој е нашата надеж или радост, или венец за пофалба? Та не сте ли вие пред нашиот Господ Исус Христос при Неговото доаѓање? 20#2 Кор 1,14; Фил 4,1Да, вие сте нашата слава и радост!
Селектирано:
1 Солуњаните 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006