2 Летописи 3
3
Изведување на работите при изградбата на храмот; местото, размерите и материјалот за изградбата
1 #
1 Мојс 22,2; 28,17; 2 Сам 24,16-25; 1 Лет 21,15-30; Дела 7,47 И почна Соломон да го гради домот Господов во Ерусалим, на гората Морија, која му ја определи Господ на татко му Давид, на она место, што го беше подготвил Давид, врз гумното на Јевусиецот Орнан. 2#Езд 5,11А почна да го гради на вториот ден од вториот месец во четвртата година од своето царување. 3#Ез 41,2Основата, положена од Соломон при градењето на домот Божји, беше следна: должина шеесет лакти, по старата мерка, а широчина – дваесет лакти; 4а тремот пред домот беше долг колку ширината на домот – дваесет лакти, висок, пак, – сто и дваесет. 5#Ез 40,16А главниот дом го обложи со кипарисово дрво, го опкова со чисто злато и изработи на него палми и веришки. 6Го украси домот со скапоцени камења за да биде убав; а златото беше од Парваим. 7#1 Мојс 3,24; Ез 41,18Го опкова со злато домот, гредите, праговите, ѕидовите негови, прозорците и вратите негови, а по ѕидовите изваја херувими; 8#2 Мојс 26,33и ја направи двораната на Светињата над светињите: должината нејзина според широчината на домот – дваесет лакти, и широчината нејзина – дваесет лакти; и ја покри со шестотини кикари чисто злато. 9#2 Мојс 26,32Тежината на клиновите беше: секој клин педесет шекели злато. И горните одаи ги опкова со злато. 10#2 Мојс 25,18А во Светињата над светињите направи два херувима од дрво што не гние, резбарска работа, и ги опкова со злато. 11Крилјата на херувимите им беа во должина дваесет лакти: едното крило, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, исто така пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим; 12исто така и едното крило на другиот херувим, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим. 13Крилјата на херувимите беа раширени на дваесет лакти; и тие стоеја на нозете свои со лицето кон храмот. 14#1 Мојс 3,24; 2 Мојс 26,31Направи завеса од сина, пурпурна и темно црвена ткаенина и од висон, а на неа извезе херувими.
Два столба
(1 Цар 7,15-22)
15 #
1 Цар 7,15.20; Откр 3,12 Пред храмот направи два столба, високи по триесет и пет лакти, и капители одозгора – секој од по пет лакти. 16#1 Цар 7,17.20Направи и веришки, како во светилиштето, и ги положи врз столбовите; направи и сто нарови, кои ги постави на веришките. 17Ги постави столбовите пред храмот: едниот десно, другиот лево, и десниот го нарече Јахин, а левиот Вооз.
Селектирано:
2 Летописи 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006