2 Коринтјаните 10
10
Павле го брани своето апостолство
1 #
10,11; Мт 11,29; 1 Кор 2,3; 1 Кор 4,21; Фил 2,1 Јас, Павле, лично ве молам со Христовата благост и кроткост, јас самиот, кој сум понизен, кога сум лично меѓу вас, а смел кога сум далеку од вас, 2#1 Кор 4,21ве молам, кога ќе бидам кај вас, да бидете такви што да нема потреба да бидам така смел, каков што мислам да бидам кон некои, кои за нас мислат дека живееме по телото. 3#Рим 13,12Зашто, иако во тело живееме, телесно не се бориме. 4#6,7; Рим 13,12; Ефес 6,11Оружјето на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја станува моќно за рушење тврдини; со него ние уништуваме мудрувања, 5#2,9; 7,15; Ис 2,11-18; 7,15; Рим 1,5и секоја горделивост, што се крева против познанието за Бога, и го заробуваме секој ум за да Му биде покорен на Христос; 6и спремни сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни вашата послушност. 7#11,23; 1 Кор 1,12На надворешноста ли гледате? Кој е уверен во себе дека е Христов, нека размисли веднаш во себе дека, како што е тој Христов, така сме и ние Христови. 8#11,16; 12,6; 13,10; Ер 1,10Бидејќи, кога би се пофалил и малку повеќе со нашата власт, која ни ја даде Господ за вашето изградување, а не за разорување, нема да се посрамам. 9Но никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам, 10#10,1; 11,6бидејќи во посланијата свои, ќе рече некој, тој е строг и силен, но при личното присуство меѓу нас – слаб; проповедта негова ништо не вреди. 11#10,2; 12,20; 13,2.10Таквиот нека знае дека, какви сме во зборовите во посланијата свои, кога отсуствуваме, такви сме и на дело кога присуствуваме. 12#3,1; 5,12; Гал 6,4Зашто не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои од оние што сами се препорачуваат; тие не разбираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе. 13#Рим 15,19; Кол 1,25Ние, пак, не без мерка ќе се пофалиме, туку според правилото на мерката што ни е определена од Бога, за да допреме сѐ до вас. 14Зашто ние не посегаме преку својата мера, како да не сме стигнале до вас, и до вас со Евангелието Христово ние први допревме. 15#Рим 15,20Не се фалиме безмерно со туѓите напори. А се надеваме дека со растењето на вашата вера меѓу вас и ние, по нашата мерка, ќе пораснеме во изобилие, 16така што и подалеку од вас да го проповедаме Евангелието, а не да се фалиме со готовото во туѓа област. 17#Ер 9,23; 1 Кор 1,31„Кој се фали, со Господ да се фали!“ 18Зашто, не е признаен оној што самиот себе се препорачува, туку оној кого што Господ го препорачува.
Селектирано:
2 Коринтјаните 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006