2 Коринтјаните 11
11
Павле и лажните апостоли
1Ех, да бевте потрпеле малку од моето безумие! Да, потрпете ме! 2#5 Мојс 4,24; Ос 1,2; Ефес 5,27; Откр 21,2-9Зашто за вас сум љубоморен со Божја љубомора; зашто ве свршив за еден маж, за да ве претставам пред Христос како чиста девица. 3#1 Мојс 3,4-13; 1 Тим 2,14Но се плашам, како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, да не се одвратат вашите мисли поради вашата искреност кон Христос. 4#Гал 1,6-9Зашто, ако некој дојдеше да проповеда друг Исус, кого ние не сме го проповедале; или, ако добиевте друг дух, кого не сте го добиле, или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие добро ќе го поднесевте. 5#12,11Но јас мислам дека во ништо не сум помал од надапостолите. 6#10,10; Дела 18,3; 1 Кор 2,1-5; 9,12Иако сум прост во говорот, во знаењето не сум. А насекаде и по сѐ сме ви добро познати. 7#Дела 18,3; 1 Кор 9,18Направив ли грев што, понизувајќи се себе за да ве издигнам вас, бесплатно ви Го проповедам Евангелието Божјо? 8#8,1-2; Фил 4,10-15Други цркви оштетив, добивајќи од нив издршка, да ви служам вам, и додека бев кај вас, иако бев со скудност, никому не дотежнав, 9#12,13зашто во немаштијата моја ми помогнаа браќата што дојдоа од Македонија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам да не ви бидам на товар. 10#1 Кор 9,15Поради вистината Христова во мене, оваа пофалба никој нема да ми ја земе во краиштата ахајски. 11А зошто? Затоа ли што не ве сакам? Бог знае! 12#2,17; Фил 3,2Но, она што го правам, ќе го правам и понатаму за да не им дадам повод на оние, кои бараат повод, па да се изедначат со нас во она за кое се фалат. 13Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, лукави работници, кои се преправаат во Христови апостоли. 14#2 Тим 4,14; 2 Птр 2,1И не е за чудење! Па и самиот сатана се преправа во ангел на светлината; 15па затоа и не е големо нешто ако и служителите негови се преправаат како слуги на правдата; но нивниот крај ќе им биде според делата нивни.
Маченичка пожртвуваност
16 #
9,4; 12,6 Повторно велам: никој да не ме смета за безумен; впрочем, барем како безумен примете ме, та и јас да имам со што да се пофалам. 17#Гал 6,13; Фил 3,4А она што го зборувам, не го зборувам по Господ, туку како во безумие, во таа моја смелост во фалбата. 18#3,1; Рим 7,5Бидејќи мнозина се фалат по телото, ќе се пофалам и јас. 19#1 Кор 1,26Зашто и вие, кои сте мудри луѓе, љубезно ги примивте безумните; 20зашто вие поднесувате ако некој ве поробува, ако некој ве изедува, ако некој граба, ако некој се гордее, ако некој ве удира по образ. 21#Фил 3,4-6Со срамење зборувам дека и ние сме биле слаби. Но ако некој се осмели, во безумство говорам, ќе се осмелам и јас. 22#Дела 22,3; Рим 11,1; Гал 1,13-14Евреи ли се? И јас сум! Израелец ли е? И јас сум! Семе Авраамово ли се? И јас сум! 23#10,7Служители Христови ли се? Во безумство зборувам, јас сум уште повеќе: во напори – изобилно, во затвори – изобилно, во камшикување – прекумерно, во смртна опасност – често. 24#5 Мојс 25,2-3Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар; 25#Дела 14,19; 16,22трипати сум тепан со стапови, еднаш каменуван, трипати претрпев бродолом, и ноќ и ден поминав во длабоко море; 26#Дела 13,50; 20,3многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од разбојници, во опасност од сонародници, во опасност од незнабошци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа; 27#6,5; Дела 20,18-19; 1 Кор 4,11-12; Рим 9,2во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија. 28А покрај сѐ друго, тука се уште и секојдневните напади против мене, како и грижата за сите цркви. 29#1 Кор 9,22Кој изнемоштува, без да изнемоштам и јас? Кој се соблазнува, без да се распалам и јас? 30#12,5Ако треба да се фалам, со слабоста своја ќе се пофалам. 31Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој е благословен во вечни векови, знае дека не лажам. 32#Дела 9,23-25Во Дамаск управителот на цар Арета го чуваше градот Дамаск со стража, сакајќи да ме фати; и јас во кош бев спуштен преку прозорец низ ѕид и избегав од рацете негови.
Селектирано:
2 Коринтјаните 11: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: