2 Коринтјаните 12
12
Виденијата и откровенијата потврдени од Павле
1Да се фалам, нема полза, но ќе минам кон виденија и откровенија Господови. 2Знам еден човек во Христос, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо. 3#2 Мојс 33,20И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам, Бог знае, 4#Лк 23,43; Дела 2,7беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои човек не смее да ги каже. 5#11,16Со таков човек ќе се пофалам; но со себе нема да се пофалам, освен со моите слабости. 6А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вистина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша. 7#11,28; Рим 9,2И, за да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, да не се превознесувам. 8#Мт 26,39-44Затоа трипати Го молев Господ тоа да го отстрани од мене. 9#4,7; Ис 40,29Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова. 10#7,4; Фил 4,13; Кол 1,24.29Затоа уживам во слабости, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.
Павле повторно вознемирен
11 #
11,5; 1 Кор 15,10 Фалејќи се станав безумен! Вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум подолен од надапостолите, иако сум ништо. 12#Дела 1,8; Рим 15,19; 1 Кор 2,4; 1 Сол 1,5Зашто знаците на апостолите се покажаа меѓу вас во полно трпение, во знаци, чудеса и силни дела. 13#11,9По што останавте подолни од другите цркви, освен по она што јас не ви дотежнеав? Простете ми ја таа грешка! 14#13,1Еве, по третпат се готвам да дојдам кај вас и пак нема да паднам на ваш товар; зашто јас не го барам вашето, туку вас: децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку родителите за децата. 15#Фил 2,17А јас на драго срце сѐ ќе жртвувам и ќе се жртвувам себе за вашите души. Иако јас премногу ве љубам, вие многу помалку ме љубите. 16Но нека биде така! Јас не ви додевав; само, бидејќи итар, ве добив на измама. 17#12,13Да не сум ве искористил можеби преку оние што ги испраќав кај вас? 18#8,16-22Го замолив Тит, а со него го пратив и еден од браќата. Да не ве исползува можеби Тит во нешто? Не одевме ли со ист дух? Нели по истите стапки? 19#2,17; 3,1Одамна мислите дека пред вас се одбрануваме. Ние зборуваме пред Бога, во Христос, и сето тоа, возљубени, е за ваше изградување. 20#10,11; Рим 1,29; 1 Кор 4,6Бидејќи се плашам дека можеби, кога ќе дојдам нема да ве најдам такви какви што сакам; а дека и вие нема да ме најдете таков каков што сакате: да не има можеби меѓу вас кавги, завист, гнев, гордост, раздор, клевети, озборување, горделивост, побуни; 21#2,1; 13,2кога повторно ќе дојдам, да не ме понижи мојот Бог кај вас, и да не треба да оплакувам за мнозина кои погрешиле порано и не се покајале за нечистотијата, блудството и срамот што ги направиле.
Селектирано:
2 Коринтјаните 12: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: