Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 13

13
Последни напомени и поздрави
1 # 12,14; 5 Мојс 19,15; Мт 18,16; 1 Тим 5,19 Ова е третпат како доаѓам кај вас: „Од устата на двајца или тројца сведоци ќе се потврди секој збор.“ 2#10,11; 12,21Како што ве предупредив, кога бев по вторпат кај вас, така и сега, кога не сум меѓу вас, ги предупредувам оние кои однапред погрешија и сите други, дека ако дојдам пак, нема да поштедувам; 3#3,5-6вие барате доказ дека зборува Хрис­тос во мене, Кој спрема вас не е не­мо­ќен, туку е силен меѓу вас. 4#Рим 1,4; 6,8-11; 8,11Зашто, иако беше во немоќ распнат, Тој е жив по моќта Божја; бидејќи сме и ние слаби во Него, но ќе бидеме живи со Него, преку силата Божја меѓу вас. 5#1 Кор 11,28; Гал 6,4Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами проверувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни. 6А за нас, се надеваме дека ќе раз­бе­рете дека ние не сме недостојни. 7Му се молиме на Бога да не правите никакво зло; не да се покажеме ние ка­ко достојни, туку вие да вршите добро, па макар ние како недостојни да оста­не­ме. 8#Дела 4,20; 1 Кор 13,6Зашто ние сме силни не против вис­тината, туку за вистината. 9Се радуваме кога ние слабееме, а вие јакнете. А за тоа и Му се молиме на Бо­га за вашето усовршување. 10#10,8; 10,11; Ер 1,10Овие работи ви ги пишувам додека сум далеку од вас; па, кога ќе дојдам кај вас, да не употребам строгост според власта која ми ја даде Господ за надгра­дување, а не за рушење. 11#Рим 15,5.33; Ефес 4,2.3; Фил 3,1; 4,4И така, браќа, радувајте се, усо­в­р­шувајте се, утешувајте се, бидете едно­мислени, живејте во мир, – и Бог на љу­бовта и на мирот ќе биде со вас. 12#Рим 16,16; 1 Кор 16,20; 1 Сол 5,26Поздравете се еден со друг преку свет целив. Ве поздравуваат сите све­тии. 13#Фил 2,1Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и Отецот и заедништвото на Светиот Дух нека би­дат со сите вас. Амин!

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се