2 Коринтјаните 8
8
Собирање милостина. Великодушна дарежливост на македонските цркви
1 #
Рим 15,26; 1 Кор 16,5; Гал 2,10 Браќа, ве известувам за благодатта Божја, дадена на македонските цркви, 2дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; и покрај нивната длабока сиромаштија покажаа големо богатство во нивната дарежливост, 3#9,1зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно, 4#Дела 9,13; 1 Кор 16,1нѐ молеа многу усрдно да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите; 5и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја. 6Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дарежливоста. 7#1 Кор 1,5И како што сѐ изобилува во вас: верата и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел. 8Ова ви го велам не како заповед, туку преку усрдност на другите да ја испитаме искреноста и на вашата љубов. 9#Мт 5,3; 8,20; Фил 2,6-7Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија. 10А со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои почнавте уште од минатата година, не само да го правите, туку и да сакате да го правите. 11А сега довршете го започнатото дело, та, како што имаше усрдност во вашето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според можностите. 12#Мк 12,44Зашто, ако се има усрдност, таа е мила по тоа што ја има, а не по тоа што ја нема. 13#7,5; 2 Сол 1,7Затоа не сакам на другите да им биде лесно, а вам – тешко, туку подеднакво: 14#9,12; Рим 15,26-27вашиот сегашен вишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот вишок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост, 15#2 Мојс 16,18како што е напишано: „Кој собра многу, немал вишок; и кој малку, немал недостиг.“ 16Да Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит положи толкава усрдност за вас. 17Тој ја прифати мојата молба, и бидејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас. 18#Дела 20,4; 1 Кор 16,3; Гал 2,10Со него го испративме братот, пофалуван по сите цркви за неговото благовестие; 19и не само тоа, туку црквите го избраа за да нѐ придружува во тоа дело на дарежливоста, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и за нашата добра волја, 20пазејќи се, да не нѐ укори некој поради обилните приноси, за чие собирање се грижиме ние. 21#Изреки 3,4; Рим 12,17Зашто ние се трудиме за доброто не само пред Господ, туку и пред луѓето. 22Со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност многупати сме ја испробале во многу работи, и кој сега е уште поревносен поради големата увереност во вас. 23Што се однесува до Тит, тој е мој другар и соработник меѓу вас; а по однос на нашите браќа, тие се пратеници на црквите, Христова слава. 24И затоа покажете им пред црквите доказ на вашата љубов и на справедливоста на нашите пофалби за вас.
Селектирано:
2 Коринтјаните 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006