Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните Вовед

Вовед
Преку ова послание се откриваат прилично напнатите односи меѓу Павле и христијаните од Коринт. Некои меѓу нив тешко го навредуваат и ја ставаат под сомнение легитимноста на неговата служба на „апостол.“ Но Павле живо се спротивставува, без порекнување, само за да ја изрази својата љубов кон Коринтјаните и неговата желба за измирување. Тоа се посведочува и од него­ва­та радост кога кај него пристигнуваат добри известувања за Коринт (7,5-15).
Спомнувајќи ги опасностите на кои самиот треба да им се спротивстави, се сеќава на тешкотиите на кои наидува во неговиот однос со Коринтјаните и ја истакнува важноста на службата на апостолот, односно пратеникот на Господ Исус Христос. Тој исто така објаснува зошто морал да ја докаже својата строгост во претходното послание и колку тој се радува што таа строгост имала позитивен резултат (1,12–7,16)
Во врска со собирањето на милостивите дарови за поткрепа на христијаните од Јудеја (8–9), ги повикува Коринтјаните да бидат великодушни, зашто и самиот Господ, вели Павле: „иако богат, осиромаши поради вас, за да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија“ (8,9).
Во продолжението на посланието (10–13) забележлива е јасната промена на тонот: Павле жестоко се осврнува кон оние кои го обвинуваат дека не е вистински апостол. Посланието завршува со еден краток заклучок (13,11-13).
Личниот, а понекогаш и возбуден тон на ова послание не треба да нѐ заведува: апостолот не настојува да ја одбрани својата личност, ниту пак некој сегмент од неговото лично гледиште за кое тој бил посебно нападнат. Ако тој се бори толку цврсто за да се признае неговиот авторитет на апостол, тогаш тоа го прави за да може Евангелието да биде потполно прифатено и Исус вистински признаен за Господ.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се