2 Царевите 22
22
Јошија, цар на Јудеја
(2 Лет 34,8-18)
1 #
1 Цар 13,2; Ер 3,6 Јошија беше на осум години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим триесет и една година; мајка му се викаше Једида, ќерка на Адаја, од Боцкат. 2Тој го правеше она што беше правилно пред очите на Господ, во сѐ одеше по патот на неговиот предок Давид и не се отклонуваше ни десно, ни лево. 3#12,11-16Кога беше на осумнаесет години, царот Јошија го испрати писарот Сафан, син на Ацалија, Мешуламовиот син, во домот на Господ, велејќи: 4„Оди кај првосвештеникот Хелкија, нека го земе среброто донесено во домот на Господ што го собраа од чуварите на портите, 5и нека го дадат во рацете на распоредниците, поставени кај храмот Господов, а тие да го потрошат за работниците во домот Господов за поправка на штетите во домот: 6на дрводелците, на каменоресците, на ѕидарите и за купување дрва и делкани камења за поправка на храмот; 7но да не се бара од нив сметка за среброто, предадено во рацете нивни, бидејќи тие постапуваат чесно.“ 8#5 Мојс 28,61И му кажа првосвештеникот Хелкија на писарот Сафан: „Јас ја најдов во домот Господов книгата на законот.“ И Хелкија му ја подаде книгата на Сафан, и тој ја читаше. 9Дојде писарот Сафан кај царот и му донесе на царот одговор, велејќи: „Твоите слуги го зедоа среброто, најдено во домот, и го предадоа во рацете на распоредниците, поставени кај домот Господов.“ 10Писарот Сафан му соопшти уште на царот и рече: „Една книга ми даде свештеникот Хелкија.“ И Сафан ја читаше пред царот.
Јошија ја прашува за совет пророчицата Хулда
(2 Лет 34,19-28)
11 #
2,12; 19,1; 1 Мојс 37,29; Суд 11,35; Езд 9,6 Кога царот ги чу зборовите од книгата на законот, ја раскина облеката своја. 12Тогаш царот заповеда на свештеникот Хелкија, на Ахикам, Сафанов син, на Ахбор, син на Михаја, на писарот Сафан и на царскиот слуга Асаја, велејќи: 13„Одете, прашајте Го Господа за мене, за народот и за цела Јудеја во врска со зборовите на таа најдена книга, зашто голем е гневот Господов што се разгорел против нас, поради тоа што нашите татковци не ги послушаа зборовите на таа книга за да постапуваат според она што ни е заповедано во неа.“ 14#1 Сам 9,6; 1 Цар 14,5; 22,7-8; Ер 21,2И отиде свештеникот Хелкија со Ахикам, Ахбор, Сафан и Асаја кај пророчицата Хулда, жена на одеждочуварот Селум, син на Тиква, Хархасов син – а таа живееше во Ерусалим, во вториот дел, – и зборуваа со неа. 15А таа им рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов: ‚кажете му на човекот што ве испрати кај Мене: 16вака вели Господ: ќе испратам зло во тоа место и врз жителите негови – како што е напишано во книгата што ја прочита јудејскиот цар. 17Поради тоа што Ме оставија и кадат на други богови за да Ме предизвикуваат со сите работи на рацете свои, се разгневи гневот Мој против тоа место, и нема да угасне.‘ 18А на јудејскиот цар што ве испратил да Го прашате Господа, кажете му: – вака вели Господ, Бог Израелов, за зборовите што ги чу: 19#1 Цар 21,29‚поради тоа што смекна срцето твое, и ти се смири пред Господ, откако го чу ова што Јас го изреков против тоа место и против жителите негови дека тие ќе бидат за ужас и проклетство, и ти ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, Јас те чув – вели Господ. 20Поради тоа, еве, Јас ќе те приберам кај татковците твои, и ќе бидеш ставен во гробницата своја во мир, и твоите очи нема да ги видат сите тие зла што ќе ги испратам во тоа место.‘“ И му донесоа на царот одговор.
Селектирано:
2 Царевите 22: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006