2 Самоилова 10
10
Службениците на Давид обесчестени
1 #
1 Лет; 19,1-19 По извесно време умре амонскиот цар, и наместо него стана цар синот негов Анон. 2#1 Сам 11,1-11; 12,12И Давид рече: „Ќе покажам милост кон Анон, Нахасовиот син, за добрината што ми ја направи неговиот татко.“ Па ги испрати Давид слугите свои да го утешат Анон поради татко му. И Давидовите слуги отидоа во земјата на Амониевите синови. 3Но амонските кнезови му рекоа на господарот свој Анон: „Зар мислиш дека Давид од почит кон татко ти испратил кај тебе утешители? Да не ги испратил Давид слугите свои кај тебе за да го прегледаат градот и да видат во него сѐ и сешто, па да го разурнат?“ 4#Ис 15,2; 20,4И Анон ги фати Давидовите слуги и на секого од нив му ја избричи половината од брадата и им ги потсече алиштата на половина, до крстот и ги пушти. 5Кога му јавија за тоа на Давид, тој испрати луѓе да ги пречекаат, бидејќи беа многу обесчестени. И царот заповеда да им кажат: „Останете во Ерихон додека да ви пораснат брадите, и тогаш вратете се.“
Војна против Амонците и Арамејците
6 #
8,3.5; Суд 18,28 Видоа Амонците дека станаа намразени кај Давид; па испратија Амонците луѓе да најмат Арамејци од Бет-Рехов и Арамејци од Цова – дваесет илјади пешаци, од царот Мааха – илјада души и од Тов – дванаесет илјади души. 7Кога Давид слушна за тоа, го испрати Јоав со сета храбра војска. 8Излегоа Амонците и се распоредија за борба кај портите, а Арамејците од Цова и Рехов, како и луѓето на Тов и Мааха се задржаа одделно во полето. 9Кога виде Јоав дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, ги одбра најистакнатите израелски мажи, и ги распореди против Арамејците; 10а другиот дел од луѓето му ги довери на братот свој Авеса, да ги построи против Амонците. 11Тогаш рече Јоав: „Ако Арамејците почнат да ме надвиваат, ти ќе ми помогнеш; ако, пак, Амонците почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти дојдам на помош; 12#Ис.Н. 1,6; 1 Сам 4,9; 1 Цар 2,2; 1 Кор 16,13биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ќе го направи она што е добро во Неговите очи.“ 13#1 Цар 20,13-21И влезе Јоав, и народот што беше со него, во борба против Арамејците, и тие избегаа од него. 14Амонците, пак, кога видоа дека Арамејците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонците и дојде во Ерусалим. 15#8,3-8Арамејците штом видоа дека Израелците ги разбија, се собраа сите наедно. 16И Адраазар испрати гласници за да ги повика Арамејците што беа од онаа страна на Еуфрат, и, ете, дојдоа до Хелам; а Совак, Адраазаров воен началник, ги предводеше. 17Кога му јавија за тоа на Давид, тој ги свика сите Израелци, го премина Јордан и стигна до Хелам. Арамејците се распоредија против Давид и се судрија со него. 18Арамејците избегаа од Израелците, а Давид уништи седумстотини арамејски бојни коли и уби четириесет илјади коњаници, удри по војсководачот Совак, и тој таму умре. 19Кога сите потчинети цареви на Адраазар видоа дека Израелците ги разбија, склучија со Израелците мир и им се покорија. И Арамејците веќе се плашеа да им помагаат на Амонците.
Селектирано:
2 Самоилова 10: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: