Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 10

10
Службениците на Давид обесчестени
1 # 1 Лет; 19,1-19 По извесно време умре амонскиот цар, и наместо него стана цар синот негов Анон. 2#1 Сам 11,1-11; 12,12И Давид рече: „Ќе покажам ми­лост кон Анон, Нахасовиот син, за добрината што ми ја направи него­виот татко.“ Па ги испрати Давид слугите свои да го утешат Анон поради татко му. И Давидовите слуги отидоа во земјата на Амониевите синови. 3Но амонските кнезови му рекоа на господарот свој Анон: „Зар мислиш дека Давид од почит кон татко ти ис­пратил кај тебе утешители? Да не ги испратил Давид слугите свои кај тебе за да го прегледаат градот и да видат во него сѐ и сешто, па да го разурнат?“ 4#Ис 15,2; 20,4И Анон ги фати Давидовите слуги и на секого од нив му ја избричи поло­вината од брадата и им ги потсече алиш­тата на половина, до крстот и ги пушти. 5Кога му јавија за тоа на Давид, тој испрати луѓе да ги пречекаат, бидејќи беа многу обесчестени. И царот заповеда да им кажат: „Останете во Ерихон додека да ви пораснат брадите, и тогаш вратете се.“
Војна против Амонците и Арамејците
6 # 8,3.5; Суд 18,28 Видоа Амонците дека станаа на­мразени кај Давид; па испратија Амон­ците луѓе да најмат Арамејци од Бет-Рехов и Арамејци од Цова – дваесет илјади пешаци, од царот Мааха – илјада души и од Тов – дванаесет илјади души. 7Кога Давид слушна за тоа, го испрати Јоав со сета храбра војска. 8Излегоа Амонците и се распоредија за борба кај портите, а Арамејците од Цова и Рехов, како и луѓето на Тов и Мааха се задржаа одделно во полето. 9Кога виде Јоав дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, ги одбра најистакнатите израелски мажи, и ги распореди против Арамејците; 10а другиот дел од луѓето му ги довери на братот свој Авеса, да ги построи против Амонците. 11Тогаш рече Јоав: „Ако Арамеј­ците почнат да ме надвиваат, ти ќе ми помогнеш; ако, пак, Амонците поч­нат да те надвиваат тебе, јас ќе ти дојдам на помош; 12#Ис.Н. 1,6; 1 Сам 4,9; 1 Цар 2,2; 1 Кор 16,13биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ќе го направи она што е добро во Неговите очи.“ 13#1 Цар 20,13-21И влезе Јоав, и народот што беше со него, во борба против Арамејците, и тие избегаа од него. 14Амонците, пак, кога видоа дека Арамејците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонците и дојде во Ерусалим. 15#8,3-8Арамејците штом видоа дека Изра­елците ги разбија, се собраа сите наедно. 16И Адраазар испрати гласници за да ги повика Арамејците што беа од онаа страна на Еуфрат, и, ете, дојдоа до Хелам; а Совак, Адраазаров воен на­чалник, ги предводеше. 17Кога му јавија за тоа на Давид, тој ги свика сите Израелци, го премина Јордан и стигна до Хелам. Арамеј­ците се распоредија против Давид и се судрија со него. 18Арамејците избегаа од Израел­ците, а Давид уништи седумстотини арамеј­ски бојни коли и уби четирие­сет илјади коњаници, удри по вој­сководачот Со­вак, и тој таму умре. 19Кога сите потчинети цареви на Адраазар видоа дека Израелците ги разбија, склучија со Израелците мир и им се покорија. И Арамејците веќе се плашеа да им помагаат на Амонците.

Селектирано:

2 Самоилова 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се