Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Тимотеј 2

2
Поднесувај ги страдањата како добар војник
1Чедо мое, зајакнувај во благодатта што ти е дадена од Христос Исус, 2#1 Тим 4,14; 6,12и сѐ што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе кои се способни и други да научат. 3#1 Тим 4,10Па така, поднесувај ги страдањата како добар војник на Исус Христос. 4Зашто никој кој служи како војник не се вплетува во работите на секојднев­ниот живот, за да му угоди на својот војсководач. 5#1 Кор 9,25А, ако пак, некој се натпреварува, нема да добие венец доколку не се борел според правилата. 6#1 Кор 3,6-9; 9,7.10Земјоделецот што се труди прв тре­ба да вкуси од плодот. 7Размисли што ти зборувам и Господ ќе ти даде да разбереш сѐ!
Спомни си за воскреснатиот Исус
8 # Мт 1,1; Дела 13,30; Рим 1,3-4; 1 Кор 15,4.20; Фил 1,12-14 Спомнувај си Го Господ Исус Хрис­тос од Давидовото семе, Кој воскресна од мртвите, според моето Евангелие, 9#Лк 23,32; Ефес 3,1; Фил 1,13-17поради кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови. 10#Кол 1,24; 1 Сол 2,12Затоа сѐ трпам заради избраните, за да добијат и тие спасение во Христос Исус со вечна слава. 11#Рим 6,5; 1 Тим 1,15; 3,1; 4,9; Тит 3,8Верни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме. 12#Мт 10,33; Лк 12,9; Рим 8,17Ако истраеме, со Него и ќе царува­ме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас. 13#4 Мојс 23,19; Рим 3,3.4; 1 Кор 1,9; Тит 1,2; Евр 6,18Ако не сме верни, Тој останува ве­рен, бидејќи Сам Себе не може да се одрече.
Распространувај го правилно Словото на вистината
14 # 1 Тим 1,4 Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, зашто препирките ништо не помагаат, а само им штетат на оние што слушаат. 15#1 Тим 4,6; Тит 2,7-8Погрижи се пред Бога да се до­ка­жеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината. 16#1 Тим 1,4; 4,7А од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност. 17#1 Тим 1,20И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит, 18#1 Тим 6,21кои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збиднало, и со тоа им попречуваат во верата на некои.
Основата поставена од Бог
19 # 3 Мојс 24,16; 4 Мојс 16,5; 16,26; Ис 26,13; 35,3; Јн 10,14; 1 Кор 8,3; Ефес 2,20 Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“ 20#Рим 9,21; 1 Кор 3,12Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глине­ни; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна. 21#3,17И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, прис­пособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.
Слуга на Господ
22 # Гал 5,22; 1 Тим 6,11 Одбегнувај ги, исто така, и мла­деш­ките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господ од чисто срце! 23#1 Тим 1,4; 4,7Глупави и празни расправии избегнувај, знај дека тие породуваат кавги! 24#Ис 42,3; Мт 12,19; 1 Тим 3,2-3; Тит 1,7А слугата Господов не треба да вле­гува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да поднесува зло, 25#Гал 6,1; 1 Тим 2,4со кротост да ги превоспитува про­тив­ниците за да би можел Бог да им да­де покајание, за да ја познаат вистината, 26#1 Јн 2,14и да се ослободат од мрежата на ѓа­волот кој ги уловил живи за да ја исполнуваат неговата волја.

Селектирано:

2 Тимотеј 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се