Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Тимотеј 3

3
За последните денови
1 # 1 Тим 4,1 Но ова знај го: во последните де­н­ови ќе настанат тешки времиња. 2#Рим 1,29-31Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници, 3непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, 4предавници, пребрзи, надуени, по­веќе сластољубиви отколку богољубиви, 5#Мт 7,15.21; 24,4.24; Кол 2,23; Тит 1,16на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај! 6#Дела 17,21; Тит 1,11Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти, 7#Јн 8,32; 1 Тим 2,4жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до спознание на вистината. 8#1 Тим 6,5Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата. 9Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца. 10#1 Кор 13,13Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста, 11#Дела 13,50; 14,5.19на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Ико­ни­ја, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави. 12#Јн 15,20; Дела 14,22; 1 Сол 3,4А и сите, што сакаат да живеат по­божно во Христос Исус ќе бидат го­не­ти. 13А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени. 14#1,5; 2,2Но ти остани во тоа што си го нау­чил и што ти е поверено, знаејќи од ко­го си го научил, 15#Јн 5,39бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус. 16#Рим 15,4; 1 Кор 10,6; 2 Птр 1,21Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност, 17#2,21за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.

Селектирано:

2 Тимотеј 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се