Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Тимотеј 4

4
Проповедај го Словото
1 # Дела 10,42; 1 Тим 6,14; 1 Птр 4,5 И така, те заколнувам пред Бога и нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите, кога ќе дојде Тој и Неговото царство: 2#Дела 20,20.31; 1 Тим 4,1проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, укорувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука. 3#1 Тим 1,10Зашто ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот; 4#1 Тим 1,4тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки. 5Но ти во сѐ биди трезвен, претрпи зло, направи дело достојно на благовестител, службата своја исполнувај ја добро!
Настапува времето за заминување
6 # Фил 2,17 Зашто јас веќе се изливам како жрт­ва леаница, а времето за моето заминување настапи. 7#1 Тим 1,18; 6,12Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив. 8#1 Кор 9,25; Фил 3,14; 1 Тим 6,14; Јк 1,12; 1 Птр 5,4; Откр 2,10Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување.
Последни пораки
9 # 1,4 Погрижи се да дојдеш кај мене ско­ро! 10#2 Кор 8,23; Гал 2,3; Кол 4,14; Тит 1,4; Фил 1,24Зашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниот свет, и отиде во Солун; Крискент – во Галатија, Тит – во Далмација. Само Лука е со мене. 11#Дела 12,12.25; 13,13; 15,37-39; Кол 4,10.14; Фил 1,24Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е нужен во службата! 12#Дела 20,4; Кол 4,7-8; Ефес 6,21-22А Тихик го пратив во Ефес. 13#Дела 20,6Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите. 14#2 Сам 3,39; Пс 28,4; 62,12; Изреки 24,12; Рим 2,6; 1 Тим 1,20Ковачот Александар ми направи големо зло. Ќе му врати Господ според делата негови! 15Од него пази се и ти, бидејќи тој не­обично многу се воспротиви на нашите зборови! 16#1,15При мојата прва одбрана никого не­маше кај мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев! 17#Дан 6,21; Мт 10,19; Фил 1,19; Кол 4,3Но Господ беше со мене и ме зак­репна, та преку мене да се утврди Бла­говестието и да чујат сите незнабошци; и јас се избавив од устата на лавот. 18#Рим 16,24Господ ќе ме избави од секакво ло­шо дело и ќе ме запази за Своето небес­но царство. Нему слава во вечни векови. Амин!
Завршни поздрави
19 # Дела 18,2 Поздрави ги Прискила и Акила, и Онисифоровиот дом. 20#Дела 19,22; 20,4Ераст остана во Коринт. А Трофим го оставив болен во Милит. 21Побрзај да дојдеш пред зимата! Те поздравуваат Евул, Пуд, Лин, Клавдија и сите браќа. 22Господ Исус Христос нека е со тво­ј­от дух! Благодат на сите вас! Амин!

Селектирано:

2 Тимотеј 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се