Дела 4
4
Петар и Јован пред Синедрионот
1 #
5,24
И уште додека тие му зборуваа на народот, пристапија кон нив свештениците, старешината на храмот и садукеите, 2#16,20; 23,6-8; Лк 20,27-39; 1 Кор 15,20-23; Кол 1,18огорчени што тие го поучуваат народот и навестуваат воскресение на мртвите во името на Исус Христос; 3#5,26и кренаа раце на нив и ги ставија под стража до утрината; зашто се беше веќе завечерило. 4А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади. 5#5,21; Лк 22,66Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците, 6#Лк 3,2; Јн 18,3.24.28првосвештеникот Ана, Кајафа, Јован и Александар, и сите што му припаѓаа на родот првосвештенички. 7#Лк 20,2Откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква моќ и во чие име го направивте ова?“ 8#13,9; Лк 12,11-12Тогаш Петар, исполнет со Дух Свети, им рече: „Началници народни и старешини израелски, 9ако денес нѐ испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за да кажеме како е тој излекуван, 10#2,22-24; 3,16; 5,30; 13,28-30тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израелски, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, Кого Бог Го воскресна од мртвите. 11#Пс 118,22; Лк 20,17; Рим 9,33; 10,11; 1 Птр 2,4.7Тој е оној камен што од вас ѕидарите беше отфрлен, Кој стана камен темелник; 12и во никој друг нема спасение: зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме.“ 13#2 Кор 11,6А кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, и дознаа дека тоа се неуки и прости луѓе, тие само се восхитуваа. Сфатија дека и тие беа со Исус. 14Но, гледајќи го излечениот човек како стои со нив, тие немаа што да им возвратат. 15Затоа им заповедаа да излезат надвор од Синедрионот, па почнаа да се советуваат и да се прашуваат еден со друг, 16#Јн 11,47велејќи: „Што да правиме со овие луѓе? Зашто и големото чудо што се случи преку нив познато им е на сите што живеат во Ерусалим, и ние не можеме тоа да го одречеме. 17Но за да не се разгласува ова по народот уште повеќе, строго да ги заплашиме да не зборуваат повеќе никому во Негово име.“ 18#5,28И кога ги повикаа, им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту пак да го учат народот во името на Исус. 19#5,29Но Петар и Јован им одговорија и рекоа: „Просудете дали е справедливо пред Бога вас да ве слушаме повеќе отколку Бог; 20зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“ 21#Лк 19,48А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги заплашија и ги пуштија поради народот; зашто сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило. 22Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од четириесет години.
Молитва на верниците
23И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа првосвештениците и старешините. 24#2 Мојс 20,11; 2 Цар 19,15; Ис 37,16; Пс 146,6; Неем 9,6А овие, штом ги ислушаа, еднодушно го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре, Ти Кој си го создал небото и земјата, и морето и сѐ што се наоѓа во нив; 25#Пс 2,1-2и Кој преку Светиот Дух со устата на нашиот татко Давид, Својот слуга, си рекол: ‚Зошто беснеат народите и луѓето намислуваат празни работи? 26Се дигнаа царевите земни и кнезовите се собраа заедно против Господ и против Неговиот Помазаник#4,26 Во грчкиот текст: Христос.‘. 27#Лк 23,12.23И навистина, се здружија во тој град Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со народот израелски против Твојот Свет Син Исус, Кого си Го помазал Ти, 28#2,23; 13,27-29; Лк 24,26за да го направат она што однапред го беше определила раката Твоја и волјата Твоја – да се збидне. 29И сега, Господи, погледај на нивните заплашувања и дај им на слугите Свои наполно слободно да го проповедаат Твоето слово, 30полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус.“ 31#2,1-4; 10,44-46И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо.
Верниците меѓусебно го споделуваат својот имот
32 #
2,42-44
А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко. 33Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господ Исус Христос; и имаше голема благодат над сите нив. 34Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и парите земени за нив ги донесуваа 35#2,44-45и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби. 36Така Јосиф, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, левит, родум од Кипар, 37кој имаше нива, ја продаде, ги донесе парите и ги положи пред нозете на апостолите.
Селектирано:
Дела 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006