Дела 9
9
Савловото преобраќање
1А Савле, дишејќи уште со застрашувања и убиства против учениците на Господа, дојде кај првосвештеникот 2#8,3; 22,5и побара од него писма за синагогите во Дамаск, така што, ако таму најде некои што го следат овој пат, мажи и жени, врзани да ги доведе во Ерусалим. 3#22,6; 15,8; Гал 1,12.15Но, додека по патот наближуваше до Дамаск, наеднаш го обзеде светлина од небото, 4и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“ 5#Лк 10,16А тој одговори: „Кој си Ти, Господине?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш#9,5 Во некои ракописи кон овој стих е додадено: „Тешко е за тебе да се риташ против бодило.“.“ 6(Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи, што сакаш да направам?“ А Господ му рече:)#9,6 Делот од стихот, сместен во загради не се среќава во сите ракописи. „Стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“ 7А луѓето, што одеа по него, стоеја занемени од вчудовиденост, зашто слушаа глас, а никого не гледаа. 8Савле стана од земјата и, макар што му беа очите негови отворени, ништо не гледаше: и водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск. 9И три дена остана слеп, и ништо не јадеше, ниту пиеше. 10Во Дамаск, пак, имаше еден ученик по име Ананија, кому во видение Господ му рече: „Ананија!“ А тој одговори: „Еве ме Господи!“ 11Тогаш Господ му рече: „Стани и оди во улицата што се вика Права, и во домот Јудин побарај го човекот од Тарс, по име Савле; ете, тој сега се моли.“ 12И во видение виде еден човек, по име Ананија, како му пријдува и полага раце над него, за да може да прогледа. 13А Ананија одговори: „Господи, од мнозина сум слушал за тој човек колку зло им правел на Твоите светии во Ерусалим; 14#Рим 10,12а тој и овде има овластување од првосвештениците да ги врзува сите што го повикуваат името Твое.“ 15#Ер 1,10; 1 Кор 1,2Но Господ му рече: „Оди, зашто тој ми е избран сад, за да го изнесе името Мое пред народи и цареви и синовите Израелови. 16#15,26; 21,13И Јас ќе му покажам колку треба тој да пострада заради името Мое.“ 17А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи рацете свои над него, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Дух Свети.“ 18И одеднаш како лушпи да паднаа од очите негови, и тој прогледа и кога стана, се крсти.
Савле проповеда во Дамаск
19А откако прими храна, Савле закрепна. Потоа неколку дена преседе со учениците во Дамаск; 20и веднаш почна да проповеда во синагогите за Исус дека е Тој Син Божји. 21#9,14; Гал 1,13.23И сите што го слушаа, се чудеа и зборуваа: „Не е ли ова оној, кој во Ерусалим ги гонеше оние што го повикуваа тоа Име, та затоа и овде дошол за да ги доведе врзани пред првосвештениците?“ 22#18,28А Савле стануваше сѐ посилен и ги збунуваше Јудејците кои живееја во Дамаск, докажувајќи им дека Овој е Христос. 23#20,3.19Кога помина многу време, Јудејците се договорија да го убијат. 24Но Савле дозна за нивниот заговор. Тие, пак, дење и ноќе го чекаа на портата за да го убијат. 25Затоа учениците го зедоа ноќе и в кошница го спуштија по ѕидот.
Савле во Ерусалим
26А кога пристигнаа во Ерусалим, Савле настојуваше да им се придружи на учениците; но сите се плашеа од него, бидејќи не веруваа дека тој навистина е ученик. 27Варнава, пак, го зеде и го одведе кај апостолите, па им раскажа како Савле по патот Го видел Господа, дека Господ му зборувал, а исто така и дека во Дамаск отворено го проповедал името на Исус. 28#Рим 15,19И оттогаш тој остана со нив, влегуваше и излегуваше во Ерусалим, и смело говореше во името на Господ. 29А зборуваше и се препираше исто така и со елинизираните Јудејци, кои се обидуваа да го убијат. 30Штом разбраа за тоа браќата, го одведоа во Кесарија, од каде го испратија во Тарс. 31#2,47; 16,5А црквата по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беше во мир, се изградуваше и живееше во страхопочит кон Господ, и растеше со утехата на Светиот Дух.
Оздравувањето на Енеј
32Петар откако ги обиколи сите, слезе и кај светиите што живееја во Лида. 33Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој цели осум години лежел на постела, зашто бил неподвижен. 34#3,6-7; Мк 2,11И Петар му рече: „Енеј, тебе те исцелува Исус Христос. Стани и направи си ја постелата сам!“ И тој веднаш стана. 35И го видоа сите што живееја во Лида и во Сарон, и се обратија кон Господ.
Оживувањето на Срна во Јопија
36Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше. 37И токму во тоа време таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната одаја. 38#Лк 8,41-42А бидејќи Лида беше близу до Јопија, учениците штом слушнаа дека е Петар таму, веднаш испратија двајца луѓе кај него, молејќи го да дојде до нив што побргу. 39Петар стана и тргна кај нив. Кога пристигна, го одведоа во горната одаја. И дојдоа кај него сите вдовици, плачејќи и покажувајќи му ги ризите и облеките што ги беше правела Срна додека живееше со нив. 40#Мк 5,41Петар, откако ги истера сите надвор, падна на колена, се помоли, па се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ И таа ги отвори очите свои, го погледна Петар и седна. 41А Петар тогаш ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива. 42И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господ. 43А Петар престојуваше долго време во Јопија кај некој си кожар Симон.
Селектирано:
Дела 9: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006