Амос 7
7
Видение на скакулци
1 #
5 Мојс 28,38; Јоил 1,4-7; 2,3-9 Вакво видение ми откри Господ Бог: еве, Тој создаде скакулци, кога почна да изникнува доцнежната трева, а тоа беше тревата по царската косидба. 2#2 Мојс 32,11-13; Ис 37,4И, ете, кога завршија да ја јадат тревата по земјата, реков: Господи Боже, прости, Те молам; како ќе издржи Јаков? Тој е многу мал. 3#Јона 3,10И Господ се сожали на тоа: „Нема да стане тоа“ – рече Господ.
Видение на оган
4 #
Ез 21,1-4
Вакво видение ми откри Господ Бог: еве, Господ Бог повика оган за суд – и тој проголта голема бездна, проголта и дел од земјата. 5И реков: Господи Боже, запри те молам: „Како ќе издржи Јаков? Па тој е многу мал.“ 6И Господ се сожали на тоа: „И тоа нема да се збидне“, рече Господ Бог.
Видение на ѕидарска висулка
7 #
Плач 2,8
Вакво видение ми откри Тој: еве, Господ стоеше на ѕид и во раката имаше оловна висулка. 8И ми рече Господ: „Што гледаш, Амосе?“ Јас одговорив: „Висулка“. И Господ рече: „Еве ќе ставам висулка меѓу Мојот народ израелски; нема повеќе да му проштевам. 9#5 Мојс 12,2; 2 Цар 15,8-10Опустошени ќе бидат жртвениците Исакови и разрушени ќе бидат светилиштата израелски, и ќе се кренам со меч против домот Јеровоамов.“
Амос и Амасија
10 #
3,14
И Амасија, свештеникот ветилски, порача до израелскиот цар Јеровоам, да му кажат: Амос крева бунт против тебе меѓу домот Израелов; земјата не може да ги трпи зборовите негови, 11#7,9; 5,27; 6,7; 9,4зашто тој вака вели: од меч ќе умре Јеровоам, а Израел бездруго ќе биде одведен од земјата своја во ропство. 12И му рече Амасија на Амос: јасновидецу, оди си и насели се во земјата Јудина; таму јади леб и таму пророкувај, 13#2,12; 1 Цар 12,29; Ер 11,21а во Ветил не пророкувај веќе, зашто тој е светиња царева и е царски храм. 14#3,3-8Му одговори Амос и му рече на Амасија: јас не сум пророк и не сум син на пророк; бев пастир и собирав диви смокви. 15#2 Сам 7,8; Пс 78,70-71Но Господ ме зеде од овците и ми рече: оди, пророкувај кај Мојот народ Израел. 16#2,12А сега ислушај го словото Господово. Ти велиш: не пророкувај против Израел и не кажувај зборови против домот Исаков. 17#5 Мојс 28,30-33; 2 Цар 17,24; Ос 9,3; Мих 2,4Затоа, еве, што вели Господ: жената твоја ќе блудствува по градот, синовите твои и ќерките твои ќе паднат од меч, земјата твоја ќе биде разделена со мерно јаже, ти ќе умреш во нечиста земја, а Израел ќе биде одведен од земјата своја.
Селектирано:
Амос 7: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: