Амос 8
8
Видение на кошница со плодови
1 #
7,7-9; Ер 24,1 Вакво видение ми откри Господ Бог: ете, кошница со зрели плодови. 2#Ез 7,2; Откр 14,15-18И ми рече Тој: што гледаш, Амосе? Одговорив: кошница со зрели плодови. Тогаш Господ ми рече: му дојде крајот на Мојот народ Израел – нема повеќе да му проштевам. 3#6,10Песните во храмот во оној ден ќе се претворат во плачење, вели Господ Бог; ќе има многу трупови, ќе ги фрлаат насекаде молчешкум.
Суд за Израел
4 #
2,6-8; 4,1 Чујте го ова, вие, што газите бедни и уништувате сиромаси, 5#5 Мојс 25,13; Ис 1,13-14; Ос 12,8; Мих; 6,10-11вие, кои велите: кога ќе мине новомесечието, за да продаваме жито, и сабота, за да ги отвориме житниците, да ја намалиме мерката, да ја зголемиме цената на шекелот и да измамуваме со лажни мерки, 6#2,6да купуваме сиромаси со пари и бедни за чифт сандали, и да продаваме застарено жито. 7Се заколна Господ во гордоста на Јаков: навистина нема никогаш да заборавам ниту едно од делата нивни! 8#1,1; 9,5Нема ли да се затресе земјата од тоа и нема ли да заплаче секој жител на неа? Таа целата ќе се подига како реката Нил и ќе се бранува и ќе се спушта како реката египетска. 9#Јоил 2,2; Соф 1,15И во оној ден, вели Господ Бог, ќе направам сонцето да зајде напладне и ќе ја помрачам земјата среде бел ден, 10#Ис 3,24; Ер 6,26; Ос 2,13; Зах 12,10ќе ги претворам празниците ваши во тага и сите ваши песни – во плач; ќе ставам вреќишта на сите бедра и ќелавост – на секоја глава, и ќе создадам во земјата плач како за син единец, и крајот ќе ѝ биде како горчлив ден. 11#4,2; 5 Мојс 8,3; Мт 5,6Ете, настапуваат дните, вели Господ Бог, кога ќе испратам на земјата глад, не глад за леб, не жед за вода, туку жед за слушање зборови Господови. 12#Ос 5,6; Пс 74,9И ќе талкаат од море до море, ќе скитаат од север до исток, барајќи го словото Господово, и нема да го најдат. 13#Зах 9,17Во оној ден ќе премираат од жед убавите девојки и момчиња. 14#Ос 8,5Оние што се колнат во гревот самарјански и велат: жив е твојот бог, Дане, така да ни е жив и патот за Вирсавија! Тие ќе паднат и веќе нема да се кренат.
Селектирано:
Амос 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: