Колосјаните 2
2
1 #
4,13-16; Откр 1,11; 3,14 Сакам да знаете во каква голема борба сум заради вас и заради оние што се во Лаодикија и во Јерапол, и поради сите, кои не ме видоа лично. 2#Ефес 3,18-19Нека се охрабрат срцата нивни та, соединети во љубов во секое богатство, со потполно разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христос, 3во Кого се скриени сите сокровишта на мудроста и знаењето. 4#2,8; Рим 16,18; Ефес 5,6А ова ви го велам за да не ве измами некој со лукави зборови; 5#1 Кор 5,3; 1 Птр 5,9зашто, макар и да сум отсутен со телото, со духот сум при вас, радувајќи се и гледајќи го вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христос.
Исполнетост со животот во Христос
6 #
1 Кор 11,23; 15,1-3; Ефес 4,20-21 Поради тоа, како што Го примивте Господ Исус Христос, така и одете по Него, 7#Ефес 2,20-22; 3,17; Јуда 1,20вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, изобилувајќи во неа со благодарност. 8#2,4; Мт 15,6; Гал 4,3; Ефес 5,6Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос; 9#1,19; Ефес 1,23зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството, 10#Ефес 1,21-22и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт; 11#3,9; Ер 4,4; Рим 2,29; Ефес 2,11; Фил 3,3; 1 Птр 3,21во Него сте и обрезани преку неракотворено обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово; 12#3,1; Рим 6,4-11; 8,11; Ефес 1,19-20; Фил 3,10-11откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите. 13#1,22; Ефес 2,1.5И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Тој заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови; 14#Ефес 2,14-15; 1 Птр 2,24извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот; 15#1 Кор 15,24; 2 Кор 2,14; Ефес 1,21; 1 Птр 3,22; Откр 12,7-8и, откако ја зграби силата од началствата и властите, Тој ги изложи јавно на позор и славејќи ја во Себе победата над нив. 16#Рим 14,1-12; 1 Кор 8; 10,14-33Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или саботи; 17#Евр 8,5; 10,1тоа е само сенка на она што доаѓа, а телото е Христос. 18Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ангелите, впуштајќи се во она што не го видел, гордеејќи се залудо со својот телесен ум, 19#Ефес 1,22; 2,21; 4,15-16и не се придружи кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење според Бога.
Да се умре и да се живее во Христос
20 #
Гал 4,3
И така, ако вие со Христос умревте за почетоците на светот, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот; 21#1 Тим 4,3„Не се фаќај, не вкусувај, не пипај!“ 22#Ис 29,13; Мт 15,9; Мк 7,7Сите тие се определени за распаѓање – кога се управуваат според човечките заповеди и учења. 23#Рим 13,14Тие само наликуваат на мудрост во своеволното богослужење, во лажните понизности и во нештедењето на телото, но тоа нема никаква вредност, освен што го заситуваат телото.
Селектирано:
Колосјаните 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006