Повторени закони 32
32
Песната Мојсеева
1 #
4,26
Внимавај, небо, јас ќе говорам; и нека ги слуша земјата зборовите од устата моја. 2#Ис 55,10; Пс 72,6Да се разлее како дожд поуката моја, како роса да падне говорот мој: како ситен дожд на зеленило, како пороен дожд на трева. 3Името Господово ќе го прославувам; воздајте Му слава на нашиот Бог! 4#Пс 145,17; Рим 9,14; 1 Јн 1,9; Откр; 15,3-4; 16,5Тој е тврдина; совршени се делата Негови, а патиштата Негови – праведни; Бог е верен и нема неправда во Него; Тој е праведен и вистинит; 5#32,18; Мт 12,39; 17,17; Дела 2,40; Фил 2,15но тие станаа и згрешија пред Него; тоа не се Негови чеда поради пороците нивни; род дрзок и развратен. 6Тоа ли Му го возвраќате на Господ, народе глупав и безумен? Нели е Тој твој Отец, Кој те создаде, те усвои и те издигна? 7#4,32Сети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија; прашај го татко си – и тој ќе ти каже, старците свои – и тие ќе ти речат. 8#1 Мојс 10; Дела 17,26Кога Севишниот го разделуваше наследството на народите и ги раселуваше синовите човечки, тогаш стави граници меѓу народите според бројот на синовите израелски, 9зашто делот на Господ е Неговиот народ; Јаков е наследството Негово добиено со ждрепка. 10#Ер 2,6; Ос 13,5Тој го најде во пустината, во земја дива и пуста, го заштитуваше, се грижеше за него, го чуваше како зеницата на окото свое; 11#Лк 13,34како што орелот бдее над гнездото свое, летајќи над своите орлиња, ги раширува крилјата свои, ги зема и ги носи на перјата свои, 12#1 Мојс 24,27; 2 Мојс 13,21; 15,13така Господ Самиот го водеше, и немаше со Него туѓ бог. 13Тој го искачи на височините земни, го заситуваше со полски плодови и го хранеше со мед од камен и масло од тврда карпа; 14со кравјо масло и овчо млеко, и со лој од јагниња, со башански овни и козли, со најдобро жито и со најдобро вино. 15#31,20; 33,5.26И стана дебел Јешурун#32,15 Прекар на Израел., дебел и тврдоглав: се згои, се здебели и прошири, Го остави Бога, Кој го создаде, отстапи од Бога, Спасителот свој. 16Со туѓи богови Го раздразнија и со одвратностите Го разгневија: 17#11,26-28; 1 Кор 10,20; Откр 9,20им принесуваа жртва на злите духови, а не на Бога; на боговите, што не ги познаваа, на боговите нови и непознати, кои предците ваши не ги знаеја. 18А покровителот, кој те родил, ти Го остави, и Бога, Кој те создал, Го заборави. 19И Господ виде, па се разгневи и ги отфрли синовите Свои и ќерките Свои, 20#31,17и рече: „Ќе го свртам лицето Свое од нив и ќе го видам крајот нивни: бидејќи тие се развратен род, синови, во кои нема верност; 21#Рим 10,19; 1 Кор 10,21-22со лажни богови ја предизвикаа Мојата ревност, со идоли тие Ме разгневија, и јас ќе ја повредам нивната гордост со безвредни луѓе, со ништо и никаков народ Јас ќе ги разгневам; 22зашто оган се разгори од јароста Моја; продира тој сѐ до пеколот вечен, ја јаде земјата и плодовите нејзини, основите планински ги фрла во оган; 23#Ез 5,16-17ќе испратам врз нив големи несреќи, стрелите Свои против нив ќе ги насочам: 24од глад исцрпени, молњи ќе ги ништат и болести смртоносни, против нив ќе испратам ѕверски заби и отров од влекачи земни; 25надвор од меч ќе умираат, а во домовите нивни – од ужас. Смрт ќе поразува момче и девојка, побелен старец и доенче мало. 26#9,14Јас реков: во прав ќе ги сторам, споменот за нив меѓу луѓето, Јас ќе го збришам; 27#9,28; Ис 10,13-14само се плашев од злобата непријателска; да не се излажат противниците негови, па да кажат: ‚Победата е наша; не е тоа од Господовата рака направено!‘ 28#Лк 19,42Зашто се сој безрасуден, народ без ум. 29Само малку ум да имаа, лесно ќе ја сфатеа иднината своја; 30#Ис 30,17; 2 Лет 24,24‚Како би можел еден да гони илјада и двајца – десет илјади, ако нивниот Бог не би ги предал, и Господ не би ги дал! 31Зашто нивните богови не се како нашиот Бог; непријателите наши се осудени.‘ 32#1 Мојс 13,13; Ис 5,2Зашто лозјето им е од содомска лоза, и од полињата гоморски; грозјето им е отровно грозје, гроздовите им се горчливи; 33отров змиски е нивното вино, од аспида отров погубен. 34Не е ли сето тоа сокриено во Мене? Не е ли запечатено во Моите сокровишта? 35#Лк 21,22; Рим 12,19; Евр 10,30Моја е одмаздата и моја наградата, кога ќе им се затресе ногата нивна, зашто денот на загинувањето нивно е блиску, брзо ќе настапи подготвеното за нив. 36#Пс 135,14Но Господ ќе го оправда Својот народ, и ќе се смили над слугите Свои, кога ќе ги види ослабени, беспомошни и изнемоштени. 37#Суд 10,14; 1 Цар 18,27; Ер 2,28И ќе рече тогаш Господ: ‚Каде се боговите нивни, каде е карпата зад која се засолнуваа? 38#Пс 50,12-13Каде се оние кои јадеа лој од жртвите нивни и кои пиеја вино од преливите за нив? Камо да воскреснат, па да ви помогнат и да ви бидат заштита? 39#4,35; Ис 43,11; Ос 13,4; Јн 5,21; Дела 4,12И ете, видете сега дека тоа сум Јас; Јас сум и нема друг Бог, освен Мене: Јас уништувам и Јас оживувам, Јас ранувам и Јас лекувам, и нема таков кој може да избави од раката Моја. 40#Откр; 10,5-6Ја кренав кон небото раката Своја и велам: – жив сум довека! 41Кога ќе го наострам Мојот блескав меч, и раката Моја го прими судот, ќе им се одмаздам на непријателите Мои и ќе им платам на оние што Ме мразат; 42#Авак 3,11ќе ги напојам стрелите Свои со крв, и мечот Мој ќе се насити со месо, со крвта од убиените и заробените, од главите на непријателските кнезови.‘ 43#Рим 15,10; Евр 1,6; Откр 6,10; 19,2Величајте го, незнабошци народот негов! Зашто Тој ќе се одмазди за крвта на слугите Свои, ќе им се одмазди на непријателите Свои, и ќе ја очисти земјата Своја и народот Свој!“ 44И се приближи Мојсеј до народот и ги кажа гласно сите зборови од оваа песна пред народот, тој и Осија#32,44 Првото име на Исус Навин., синот Навинов. 45Откако Мојсеј ги кажа сите тие зборови пред целиот Израел, 46#4,40им рече: „Внесете ги во срцето сите зборови, што ви ги кажав денес, и порачајте им на децата ваши, да ги пазат и да ги исполнуваат сите зборови од овој закон; 47зашто тие не се за вас празни зборови, туку ваш живот, и преку нив ќе живеете долго време на земјата, за која одите преку Јордан да ја освоите.“
Објавување на смртта на Мојсеј
48И во истиот тој ден му зборуваше Господ на Мојсеј и му рече: 49#4 Мојс 27,12-14„Искачи се на планината Аварим, тоа е планината Нево, во моавската земја, спроти Ерихон, и погледни ја хананската земја, што им ја давам на синовите израелски во владение; 50и умри на планината, на која ќе се искачиш и прибери се при народот свој, како што умре братот твој Арон, на планината Ор, и се прибра при народот свој, 51#4 Мојс 20,13.24затоа што згрешивте против Мене пред очите на синовите израелски кај водите Мерива во Кадис, во пустината Син, зашто не ја почитавте светоста Моја меѓу синовите на Израел; 52ти само ќе ја видиш земјата, но нема да влезеш таму, – во земјата, што им ја давам на синовите израелски.“
Селектирано:
Повторени закони 32: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006