Проповедник 1
1
Животот е бесмислен
1 #
2,11.17; 11,8; Пс 62,9; Рим 8,20 Зборови на проповедникот, син Давидов, цар израелски. 2Суета над суетите, вели проповедникот, суета над суетите – сѐ е суета! 3#2,20.22; 5,17; 9,9Каква е ползата за човекот од сите негови трудови, со кои се труди под сонцето? 4Род еден си заминува, и род друг доаѓа, а земјата останува засекогаш. 5Сонцето изгрева и заоѓа, и пак брза кон местото свое, од каде што изгрева. 6Ветрот вее кон југ и се врти кон север, се врти, се врти во својот пат и пак ги почнува своите вртења во круг. 7Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува: тие одново се враќаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат одново. 8Секоја работа бара труд: човекот не може сѐ да искаже; окото не се наситува од гледање, ниту увото може да се наслуша. 9#2,12; 3,15Она што било, пак ќе биде, и она што се правело, пак ќе се прави – нема ништо ново под сонцето. 10И ако за нешто се рече: „Види, ете, тоа е ново“; но тоа веќе било во текот на вековите, што биле пред нас. 11#2,16Нема спомен за минатото; па и за тоа, што ќе биде подоцна нема да остане спомен кај оние што ќе дојдат.
Искуството на проповедникот
12 #
2,9
Јас, проповедник, бев цар над Израел во Ерусалим; 13#3,10; 7,25; 8,16и го управив срцето свое да истражува и да испитува преку мудроста сѐ, што станува под небото; таа тешка задача им ја даде Бог на синовите човечки, за да се занимаваат со неа. 14#2,11.17.26Ги видов сите работи, што се вршат на земјата, и ете – сѐ е суета и мака за духот. 15#4,4.6.16; 6,9; 7,13Кривото не може да се исправи, и она, што го нема не може да се брои. 16#12,9; 1 Цар 3,12; 5,9-10; 10,1-13.23-24Си велев во срцето свое: „Еве, јас се воздигнав и се здобив со мудрост повеќе од сите, што беа пред мене над Ерусалим, и срцето мое виде многу мудрост и знаење.“ 17И го насочив срцето свое да ја познае мудроста, да ги познае безумието и глупоста; но разбрав дека и тоа е мачно за духот; 18зашто при големата мудрост голема е и тагата, и кој умножува знаење, умножува и мака.
Селектирано:
Проповедник 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: