Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник Вовед

Вовед
Уште од самиот почеток на книгата, нејзиниот писател се претставува како мудар човек. Меѓутоа, за разлика од мудростите од книгата Соломонови изреки, писателот на оваа книга прикажува еден вид нетрадиционална мудрост. Преку богатото животно искуство, тој фактички ни открива дека среќата е краткотрајна и дека човековите напори да ја придобијат, се најчесто бесполезни. Во таков случај се поставува прашањето каква е смислата на човековиот живот и дали тој ги заслужува сите маки што ќе ги доживее во текот на своето физичко постоење. Притоа, писателот го поттикнува читателот да си ги постави истите прашања што тој ги поставува во оваа книга.
Излагањето на мудрецот се прикажува како еден вид анкета во врска со сето она што се случува на земјата. Потврдувањето и напорите на човекот (младост, богатство, слава, работа, мудрост, правда) постојано се повторуваат. Несигурноста што ја предизвикува постојаната опасност од смртта и од неправдата што царува меѓу луѓето, неможноста да се дознаат Божјите планови во врска со иднината на светот, ја прави судбината на човекот сосема несигурна.
Библиските текстови сепак ни даваат алтернативен одговор во врска со прашањето за смислата на човековиот живот. Добро е притоа, ако меѓу нив го пронајдеме одгласот на нашите сопствени обесхрабрувања и сомнежи. Добро е што еден библиски писател ни припомнува дека нема вистинска вера во Бога без јасен поглед врз прашањето за човековото однесување.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се