Проповедник 11
11
Умешноста да се ризикува
1Пуштај го лебот свој по водите, зашто по многу дни пак ќе го најдеш. 2Давај дел на седум души, и дури на осум, зашто не знаеш, какво зло ќе настане на земјата. 3Кога ќе се наполнат облаците, излеваат дожд на земјата; и ако едно дрво падне кон југ или кон север, тоа си останува таму, каде што и паднало. 4Кој го набљудува ветрот, нема да сее, и кој гледа во облаците, нема да жнее. 5#3,11; Пс; 139,14-16; Изреки 30,19; Јн 3,8Како што не ги знаеш патиштата на ветрот, ниту како настануваат коските во утробата на бремена жена, така не можеш да ги знаеш ни делата на Бога, Кој создава сѐ. 6Изутрина сеј го семето твое и навечер нека не мируваат рацете твои, зашто не знаеш, едното, или другото повеќе ќе успее, или и едното и другото ќе бидат еднакво добри. 7#12,2; Песна 6,10Слатка е светлината дневна за гледање, и пријатно е да се биде жив. 8Ако човек проживее и многу години, нека се весели во текот на сите нив и нека си спомнува за темните дни, какви што ќе ги има многу: но сѐ што ќе биде, ќе биде суета!
Бидете среќни пред да биде премногу касно
9Весели се во младоста своја, момче, и срцето твое да вкусува радост во дните на твојата младост; и оди каде што срцето те влече и каде што очите ти гледаат; само знај дека за сето тоа Бог ќе те изведе на суд. 10Гони ја скрбта од срцето свое и отстранувај го злото од телото свое, зашто детството и младоста се суета!
Селектирано:
Проповедник 11: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006