Ефесјаните 4
4
Единството на телото
1 #
3,1; Кол 1,10 Браќа, јас, затвореник во Господ, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани, 2#Гал 6,2; Кол 3,12-13со сета понизност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов, 3#1,10; 2,13-16; Фил 1,27; Кол 1,20трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот. 4#5 Мојс 6,4-5; Мт 23,8-10; 1 Кор 12,4-6#Рим 12,3-6; 1 Кор 10,17; Кол 1,5Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање. 5#1 Кор 1,13; 8,6Еден Господ, една вера и едно крштение, 6еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас. 7#Рим 12,3.6; 1 Кор 12,11А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов. 8#Пс 68,19; Кол 2,15Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“ 9#Пс 68,19; Јн 3,13А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата. 10Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ. 11#1 Кор 12,4-11.28И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители, 12#2,21за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, 13#Кол 1,28додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота, 14#Рим 16,19; 1 Кор 3,1-3; 14,20; Евр 5,11-14; 13,9та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда. 15#1,22; Кол 1,18Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос. 16#Кол 2,19Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.
Новиот живот во Христос
17 #
Рим 1,18-32
Ова, пак, го зборувам и сведочам во Господ; да не живеете повеќе како што живеат и другите незнабошци, по суетата на својот ум; 18#2,12; Мк 3,5помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради нивното незнаење и тврдокорноста на нивното срце; 19дојдени до бесчувство, тие се предадоа на разврат и ненаситно вршат секаква нечистота. 20Но вие не Го познавте така Христос, 21ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани – дека вистината е во Исус, 22#Кол 3,5.9-10тогаш отфрлете го од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби, 23#Рим 12,2за да се обновите со духот на својот ум 24#Кол 3,10и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во вистинска праведност и светост. 25#Зах 8,16; Рим 12,5; 1 Кор 12,12; Кол 3,8-9Поради тоа, откако ја отфливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме делови еден на друг. 26#Пс 4,5; Мт 5,22; Јк 1,19-20Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде над гневот ваш; 27и не давајте му место на ѓаволот. 28#1 Кор 4,12; 1 Сол 4,11Крадецот да не краде веќе, туку нека се труди и подобро е да се труди со своите сопствени раце да го прави она што е добро, за да има што да му даде на оној што има потреба. 29#5,4; Мт 15,11; Кол 3,8.16; 4,6; Јк 3,10-12Никаков гнасен збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за надградување каде што треба, за да им даде благодат на оние што слушаат. 30#1,13-14; Ис 63,10И не оскрбувајте Го Светиот Дух Божји со Кој сте запечатени за денот на откупувањето. 31#Кол 3,8Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хулење заедно со секоја друга злоба. 32#Мт 6,14; 18,22-35; Кол 3,12-13Бидете еден спрема друг добри и милосрдни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христос.
Селектирано:
Ефесјаните 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006