Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 5

5
Естира пред царот
1 # 4,11 На третиот ден Естира се облече по царски и дојде во внатрешниот двор на царскиот дом, пред домот на царот. А царот тогаш седеше на својот царски престол во царскиот дом, токму спроти влезот на домот. 2#2,17Кога царот виде дека царицата Естира стои во дворот, таа најде милост во очите негови и царот го подаде кон Естира златниот жезол што беше во раката негова. Естира се приближи и го допре крајот на жезолот. 3#5,6; 7,2; 9,12; Мк 6,22-23Тогаш царот ѝ рече: „Што ти е, царице Естира? Која е твојата молба? Дури и половината од царството ќе ти биде дадено.“ 4#1,19; 3,9; 5,4.8; 7,3; 8,5; 9,13; Езд 5,17; Неем 2,5Тогаш Естира рече: „Денес имам празник. Ако му е на царот угодно, не­ка дојде царот со Аман на гозба што сум му ја приготвила.“ 5А царот рече: „Одете поскоро по Аман за да се исполни желбата на Ес­тира.“ И дојде царот со Аман на гозбата што ја беше приготвила Естира. 6И кога царот сакаше да пие вино, ја праша Естира: „Која ти е желбата? Таа ќе биде исполнета. И каква е твојата молба? Макар да бараш и половина царство, тоа ќе ти биде дадено.“ 7Одговори Естира и рече: „Еве ја мојата желба и мојата молба: 8ако сум нашла милост во очите на царот и ако на царот му е мило да ја исполни желбата моја и да ја исполни молбата моја, тогаш нека дојде царот со Аман на гозба што ќе ја приготвам за нив и утре, па ќе постапам според царскиот збор.“
Аман подготвува бесилка за Мардохеј
9Тој ден Аман излезе весел и расположен. Но кога Аман го виде Мардохеј при царската порта, и тој не стана и не се помести од местото пред него, Аман се исполни со гнев против Мардохеј. 10Но Аман сепак се воздржа. А кога дојде во домот свој, испрати да ги пови­каат неговите пријатели и неговата жена Зереша. 11Аман им раскажа за големото свое богатство, за многуте свои сино­ви и за сѐ она, како царот го возве­личил и како го воздигнал над кнезовите и слугите царски. 12И рече Аман: „Па и царицата Ес­тира никого не повика со царот на гозбата, што ја беше приготвила, освен мене; така и утре сум поканет кај неа со царот. 13Но сето тоа не ме задоволува додека го гледам Јудеецот Мардохеј како седи пред царската порта.“ 14И му рече жената негова Зереша, и сите негови пријатели: „Нека приготват бесилка, висока педесет лакти, и утре кажи му на царот да го обеси Мардохеј на неа, и тогаш оди весело на гозбата со царот.“ Му се допаднаа на Аман тие зборови, и тој нареди бесилката да биде направена.

Селектирано:

Естира 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се