Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира Вовед

Вовед
Книгата Естира раскажува за една јудејска заедница која успеала да се ослободи од заканите за истребување што се надвиснале над неа. Настаните се случуваат во периодот кога власта на Персијците се протегала над територијата на Блискиот Исток, од Индија, па сѐ до Египет. Одреден број угледни Јудејци, чии семејства биле во прогонство во Вавилонија, не биле вратени во своите земји сѐ до падот на вавилонската моќ (во 539 год пр. Христос). Овие Јудејци често наидувале на непријателство во средината каде што се наоѓале, зашто тие живееле според своите закони и своите обичаи, кои се разликувале од обичаите на другите народи.
Опишувајќи ни го конфликтот помеѓу Аман, првиот министер на царот Ксерс, и Мардохеј, јудејски функционер, книгата Естира ни прикажува една многу драматична ситуација. Начинот на кој Естира, раководена од Мардохеј, станува царица на Персија и успева дури и да ги отстрани опасностите кои се заканувале над нејзиниот народ, покажува дека обидите за уништување на јудеј­скиот народ секогаш биле осудени на неуспех. Овде, точно определениот ден за истребување на Јудејците се претвора во ден на пораз за нивните непријатели. Во спомен на ова среќно избавување на еврејскиот народ е востановен празникот Пурим, прославуван напролет пред празникот Пасха.

Селектирано:

Естира Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се