Излез 17
17
Водата кај Маса и Мерива
1 #
16,1; 19,2; 4 Мојс 20,1-13; 33,12-15 И се крена целото општество на синовите израелски, од пустината Син, продолжувајќи го својот пат по заповед на Господ, и се задржаа во Рефидим; а таму немаше вода да пие народот. 2#14,12; 15,24; 4 Мојс 20,2; 5 Мојс 6,16; Пс 78,18; 106,14; 107,5; Мт 4,7; 1 Кор 10,9И народот го укори Мојсеј, велејќи: „Дај ни вода да пиеме!“ А Мојсеј им рече: „Зошто ме укорувате мене? Зошто Го искушувате Господа?“ 3#14,11; 15,24И жеден беше за вода народот таму, па негодуваше против Мојсеј и велеше: „Зошто нѐ изведе од Египет и нас, и синовите наши, и добитокот наш, за да нѐ помориш со жед?“ 4#4 Мојс 14,10; 1 Сам 30,6А Мојсеј викна кон Господ и рече: „Што да правам со овој народ? Уште малку, па ќе ме каменуваат?“ 5#4,2Но Господ му рече на Мојсеј: „Излези пред народот, и поведи со себе некои од старешините народни, земи го во раката и стапот свој, со кој го раздвои морето, па појди. 6#3,1; 4 Мојс 20,8.10-11; 5 Мојс 8,15; Ис 48,21; Пс 78,15-16; 105,41; 114,8; Неем 9,15; 1 Кор 10,4А Јас ќе стојам онаму кај карпата на Хорив пред доаѓањето твое; а ти тогаш удри во карпата, и од неа ќе потече вода и народот ќе пие.“ И направи Мојсеј така пред синовите на Израел. 7#20,24; 4 Мојс 20,13.24; 27,14; 5 Мојс 6,16; 9,22; 33,8; Пс 81,7; 95,8; 106,32И тоа место го нарече Маса и Мерива#17,7 Зборовите Маса и Мерива на еврејски значат проверка, искушение и кавга., поради кавгата помеѓу синовите израелски што Го искушуваа Господа, велејќи: „Дали е Господ меѓу нас, или не е?“
Амаликијците ги напаѓаат Израелците
8Но тогаш дојдоа Амаликијците во војна против Израелците во Рефидим. 9#4,17; 24,13А Мојсеј, пак, му рече на Исус: „Избери си мажи, па излези и бори се утре против Амаликијците; а јас ќе застанам на врвот од гората и стапот Божји ќе ми биде в рака.“ 10#24,14И направи Исус, како што му рече Мојсеј, и излезе против Амаликијците; а Мојсеј, Арон и Ор се искачија на врвот од планината. 11И кога Мојсеј ги креваше рацете свои – надвладуваа Израелците, а кога ги спушташе рацете – надвладуваа Амаликијците. 12#Ис.Н. 8,26Но рацете на Мојсеј му отежнаа; затоа зедоа камен и го ставија под него, па седна на него: а Арон и Ор му ги потпираа рацете: еден од една страна, а другиот – од другата. Така стоеја рацете Мојсееви кренати до зајдисонце. 13#1 Сам 15,8.32-33И го победи Исус Амалик и неговиот народ со сечилото на мечот. 14#24,4; 34,27; 5 Мојс 25,17-19; 1 Сам 15,3; 30,17-18; Ис 30,8; Пс 9,5; 34,17; 109,15; Јов 18,17; 1 Лет 4,43Потоа Господ му рече на Мојсеј: „Запиши го тоа за спомен во книгата, и објасни му на Исус да помни дека сосема ќе го избришам споменот за Амаликијците од под небото.“ 15#1 Мојс 8,20Тогаш Мојсеј подигна жртвеник, и го нарече „Јахве Ниси“ – Господ ми е знаме! 16„Бидејќи, рече тој, рака се кренала на престолот Господов; Господ ќе војува против Амалик од поколение на поколение.“
Селектирано:
Излез 17: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006