Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 2

2
Раѓањето и детството на Мојсеј
1 # 6,20; 1 Мојс 29,34; 4 Мојс 26,59 Еден човек од племето Левиево отиде и си зеде жена од ќерките Левиеви. 2#1 Мојс 39,6; Дела 7,20-29; Евр 11,23-27Жената зачна и роди машко дете; па кога виде дека е многу убаво, го криеше три месеци. 3#1 Мојс 6,14Но, кога не можеше повеќе да го крие, зеде кошниче од трски го облепи со асфалт и смола; и, откако го стави детето во него, го однесе во трската крај реката. 4#15,20А сестрата негова застана подалеку, за да гледа што ќе стане со него. 5#7,15Ќерката, пак, фараонова слезе до реката, за да се капе, а и нејзините слу­гинки одеа покрај реката. Таа го забе­лежа кошничето во трската, па испрати една од слугинките свои, да го донесе. 6А кога го отвори, виде дете; и тогаш детето заплака. Таа се смили над него и рече: „Ова е еврејско дете.“ 7Тогаш сестрата негова ѝ рече на фараоновата ќерка: „Сакаш ли да одам да викнам доилка Еврејка, да ти го дои детето?“ 8А фараоновата ќерка ѝ рече: „Оди!“ И девојчето отиде, и ја викна мајката на детето. 9Фараоновата ќерка ѝ рече: „Чувај го ова дете, и дој ми го; а јас ќе ти пла­там.“ И го зеде жената детето и го доеше. 10#1 Сам 1,20; 2 Сам 22,17; Дела 7,21А кога детето порасна, го одведе кај ќерката фараонова, и таа го посини. И му стави име Мојсеј, велејќи: „Зашто од вода го извадив.“
Мојсеј бега во мидјанската земја
11 # Дела 7,23; Евр 11,24-27 По многу време, кога Мојсеј порасна, отиде меѓу браќата свои, и ја виде маката нивна. И забележа како еден Египќанец бие Евреин – еден од браќата негови. 12Се обѕрна на сите страни, и, кога виде дека нема никој, го уби Егип­ќа­нецот и го закопа во песокот. 13#1 Мојс 13,8; Дела 7,26Утредента излезе пак и виде двајца мажи Евреи како се тепаат и му рече на оној, кој беше виновен: „Зошто го биеш ближниот свој?“ 14#Дела 7,27.35А тој одговори: „Кој те постави те­бе за старешина и судија над нас? Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што го уби Египќанецот?“ Тогаш Мојсеј се у­плаши и рече: „Значи, се разбрало за ова!“ 15#4,19; Дела 7,29; Евр 11,27И фараонот чу за ова, па сакаше да го погуби Мојсеј. Но Мојсеј избега од фараонот и отиде во мидјанската земја, и седна крај еден извор. 16#3,1; 18,1; 1 Мојс 24,11; 30,38А свештеникот мидјански, пак, има­ше седум ќерки. И тие дојдоа и цр­пеа вода и ги наполнија поилата, за да го напојат стадото на својот татко. 17#1 Мојс 29,10Но дојдоа овчари, и ги истераа, а Мојсеј стана и ги одбрани, им налеа вода и им го напои стадото. 18#4 Мојс 10,29Тие се вратија кај таткото свој Рагуил#2,18 Рагуил понатаму се именува како Јотор., а тој ги праша: „Зошто толку бргу се вративте денес?“ 19Тие одговорија: „Еден Египќанец нѐ одбрани од овчарите, дури ни извади вода и ни ги напои овците.“ 20А тој им рече на своите ќерки: „Па, каде е тој? Зошто сте го оставиле така тој човек? Поканете го да јаде со нас!“ 21#4,25; 18,2; 4 Мојс 12,1И Мојсеј реши да живее кај тој човек, а тој му ја даде на Мојсеј за жена својата ќерка Ципора. 22#18,3; 1 Мојс 23,4; Суд 18,30; Евр 11,13И таа роди син, и му стави име Герешом: „Бидејќи сум – рече – доселеник во туѓа земја.“
Бог го определува Мојсеј да го води израелскиот народ
23 # 1,14; 3,7.9; 6,5; 4 Мојс 20,15-16; 5 Мојс 26,7; Суд 2,18; 1 Сам 12,8; Пс 5,1; Јк 5,4 А по многу време, умре египетскиот цар. А синовите израелски уште офкаа од маките и викаа; и пискотот нивни од тешките маки дојде до Бога. 24#6,7; 32,13; 1 Мојс 9,1; 17,4; 22,16-18; 26,3; 28,13-15; 2 Цар 13,23; Ер 14,21; Пс 105,10.42И Бог го чу офкањето нивно, и се сети Бог на заветот Свој со Авраам, Исак и Јаков. 25#3,7; 4,31И Бог погледна на синовите израелски, и се смили над нив.

Селектирано:

Излез 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се