Излез 40
40
Подигање и осветување на скинијата
1И Господ му рече на Мојсеј велејќи: 2#12,2; 26,30; 3 Мојс 1,1; 4 Мојс 1,1; Ис.Н. 18,1„Во првиот ден од првиот месец подигни ја скинијата на собранието, 3#26,33потоа постави го таму ковчегот на заветот и засолни го со завесата; 4#25,23.31внеси ја трпезата, и постави сѐ што треба да се намести на неа; внеси го и светилникот, а стави ги и кандилцата на него; 5#30,1постави го златниот жртвеник за кадење пред ковчегот на заветот; и закачи завеса пред влезот во скинијата. 6#27,1; 2 Цар 16,14; 2 Лет 4,1Постави го и жртвеникот за жртви сепаленици пред влезот во скинијата; 7#30,18стави го мијалникот меѓу скинијата и жртвеникот, и налеј вода во него; 8#27,9огради го дворот наоколу, и закачи ја завесата на вратата од дворот; 9#30,26; 3 Мојс 8,10-13; 4 Мојс 7,1па земи масло за помазание, и помажи ја скинијата и сѐ што има во неа: и освети ја неа и сите принадлежности нејзини, па ќе биде света. 10Помажи го и жртвеникот за жртви сепаленици и сиот прибор негов, па освети го жртвеникот, и жртвеникот ќе стане пресвет. 11Помажи го и мијалникот, и подножјето негово, и освети го. 12#29,4-8; 30,19Потоа доведи го пред влезот од скинијата Арон и синовите негови и измиј ги со вода; 13#28,41; 3 Мојс 8,12облечи го Арон во светите одежди и помажи го и освети го, за да Ми биде свештеник. 14#28,40; 3 Мојс 10,5Доведи ги и синовите негови, и облечи ги во хитони, 15#29,9и помажи ги, како што го помаза таткото нивни, за да Ми бидат свештеници; и помазанието нивно ќе ги освети за вечно свештенство во нивните поколенија.“
Мојсеј ја поставува скинијата
16 #
1 Мојс 6,22
И направи Мојсеј сѐ; како што му заповеда Господ, така направи. 17#4 Мојс 1,1Во првиот месец од втората година, во првиот ден во месецот се подигна скинијата. 18#36,20-34; 2 Лет 1,3Мојсеј ја подигна скинијата: ги постави подножјата нејзини, ги исправи штиците, ги постави напречниците, и ги исправи столбовите; 19#36,19па ги распна платништата над скинијата, а над нив го ставија покривот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 20#16,34; 25,17-22; 26,34; 31,7; Евр 9,4И, откако го зеде откровението, го стави во ковчегот, и стави ногалки под ковчегот, па го стави чистилиштето одозгора над ковчегот. 21#26,33Потоа го внесе ковчегот во скинијата, и ја закачи завесата, та го засолни ковчегот на заветот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 22#25,23И ја постави трпезата во скинијата на собранието од северната страна на скинијата, пред завесата; 23#25,30; 3 Мојс 24,5-8потоа постави на неа лебови за принос пред Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 24#25,31Го намести светилникот во скинијата, спрема трпезата, од јужната страна на скинијата, 25#37,23а ги постави и кандилцата пред Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 26#30,1Го постави златниот жртвеник во скинијата, пред завесата, 27и стави на него да гори мирисно кадиво, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 28#26,36Ја закачи завесата пред влезот во скинијата; 29#20,24; 29,38-42потоа го постави и жртвеникот за жртви сепаленици при влезот во скинијата, и принесе на него жртва сепаленица, и лебен принос, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 30#30,18; 40,7Го намести и мијалникот меѓу скинијата и жртвеникот, и налеа во него вода за миење; 31#30,19-21и од него Мојсеј и Арон и синовите негови си ги миеја рацете свои и нозете свои; 32#30,20а ги миеја кога влегуваа во скинијата на собранието и кога пристапуваа кон жртвеникот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 33#27,9.16; 38,9-20Го огради и дворот околу скинијата и жртвеникот, и ја стави завесата на влезната врата од дворот. Така ја доврши Мојсеј сета работа.
Славата Господова ја исполнува скинијата
34 #
16,7.10; 19,16; 24,15-16; 25,8-22; 3 Мојс 16,2; 4 Мојс 9,15-23; 1 Цар 8,10-13; Ис 6,3-4; Ез 10,4; 43,1-5; 2 Лет 5,1.13; 6,2; Јн 1,14; Откр 15,8 Тогаш облак ја покри скинијата на собранието и се исполни скинијата со слава Господова; 35#16,10; 1 Цар 8,11; Ис 6,1; 2 Лет; 5,13-14; 7,2и Мојсеј не можеше да влезе во скинијата, зашто облакот го засенуваше, и славата Господова ја исполнуваше скинијата. 36#13,21-22; 4 Мојс 9,15-23И секогаш кога се креваше облакот од скинијата, тогаш синовите израелски поаѓаа на пат; 37а кога не се креваше облакот, тогаш ни тие не поаѓаа сѐ до денот, кога ќе се кренеше, 38#13,21; Пс 78,14; 105,39; Неем 9,19; 1 Кор 10,1зашто облакот Господов стоеше над скинијата дење, а ноќе во облакот се појавуваше оган пред очите на целиот дом Израелов, при сите нивни патувања.
Селектирано:
Излез 40: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006