Галатјаните Вовед
Вовед
Во третиот век пр. Хр. Келтите од Галија продреле сѐ до Мала Азија и таму се населиле. Нивните потомци, Галатјаните, го зафатиле регионот во близината на денешниот град Анкара. Некои од нив биле придобиени од Евангелието на апостол Павле во текот на неговото второ и трето мисионерско патување (Дела 16,6; 18,23).
Но апостолот не бил единствениот посетител во тие краишта. Некои од нив поучувале дека христијаните кои по потекло не се Евреи треба да се покоруваат на еврејските закони, а и задолжително да се подложат на обрезување. Според Павле, ова барање е спротивно на вистинското Евангелие на Господ Исус Христос: тоа ги става галатјанските христијани во состојба на духовно ропство. Најверојатно за време на неговиот престој во Ефес им го напишал ова писмо.
За да ги поврати своите браќа кон самото Евангелие, Павле изложува три точки:
Пред сѐ, се повикува на личните искуства: неговото обраќање; согласноста што ја добил од управителите на црквата во Ерусалим (христијаните по потекло нејудејци не се подложни на јудејскиот Закон), неговиот спор со апостол Петар за примената на оваа одлука. Павле го брани својот авторитет на апостол, преку фактот што оваа апостолска служба нему му е доверена од самиот Господ (1–2).
Потпирајќи се на текстовите од Стариот завет тој објаснува дека спасението не доаѓа преку потчинувањето на јудејскиот закон, туку само преку верувањето во Исус Христос (3–4).
Тој завршува со повик да се живее слободно под водство на Духот Божји, зашто Духот ги создава во човекот сите видови дарби, а пред сѐ љубовта (5–6).
Секоја црква, секој христијанин, треба да го слушне овој повик и да му одговори од дното на своето срце, за да биде слободен од секое ропство.
Селектирано:
Галатјаните Вовед: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006